X
 26.09.2016 Вработување

ДИЦ објавува оглас за надворешни соработници, отворени се 156 места низ цела Македонија

Врз основа на член 13 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија" бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16 и 142/16) и Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на надворешни соработницинабљудувачи на процесот за екстерна проверка на постигањата на учениците број 02410/1 од 20. 09. 2016 година, Државниот испитен центар, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешни соработници - набљудувачи на процесот за екстерна проверка на постигањата на учениците 

Државниот испитен центар распишува Конкурс за избор на надворешни соработницинабљудувачи на процесотза екстерна проверка на постигањата на учениците во завршните години од средното образование (гимназиско, средно уметничко, средно стручно образование со тригодишно и четиригодишно траење), и тоа за во следниве општини:

Берово 1
Битола 10
Богданци 1
Валандово 1
Велес 4
Виница 1
Врапчиште 1
Гевгелија 2
Гостивар 7
Дебар 1
Делчево 1
Демир Хисар 1
Долнени 1
Кавадарци 4
Кичево 4
Кочани 3
Кратово 1
Крива Паланка 1
Крушево 1
Куманово 11
Липково 1
Маврово и Ростуше 1
Македонска Каменица 1
Македонски Брод 1
Неготино 1
Охрид 5
Прилеп 8
Пробиштип 1
Радовиш 1
Ресен 1
Свети Николе 1
Скопје 48
Струга 5
Струмица 6
Тетово 17
Центар Жупа 1
Штип 6

Набљудувањето на процесот на екстерна проверка на постигањата на учениците, ќе се врши во периодот од 23 до 27. 01. 2017 година, за главната јануарска сесија.

По потреба, избраните лица, ќе бидат ангажирани и во дополнителната сесија.

За својот ангажман кандидатите ќе добијат надомест од 600,00 денари по ден, согласно поднесениот извештај за извршена работа.

Кандидатите кои конкурираат за набљудувачи, треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се државјани на Република Македонија;
-да имаатзавршено најмалкусредно образование;
- да не се осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор, подолго од шест месеци.

Потребни документи:
пријава (истата треба да содржи: име и презиме, телефонски број за контакт, mail адреса, општина на живеење);
доказ за државјанство;
кратка биографија;
диплома за завршено средно образование (оргинал или копија заверена на нотар);
потврда дека не се осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор, подолго од шест месеци.

Пријавите со некомплетна и невалидна документација, како и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат предвид.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју по што ќе следи конечен избор.

Конкурсот трае 5 дена, од денот на објавување во средствата за јавно информирање.

Пријавата со документацијата се доставува со препорачана пратка по пошта и/или во архивата на Државниот испитен центар, ул. „Васил Ѓоргов" б. б Скопје, со назнака за јавен конкурс за набљудувачи.

Дополнителни информации заинтересираните кандидати може да добијат на тел. 3216299 во интервал од 1315 часот.

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР
Активен до:    30.09.2016

Издвојуваме

Вработување