X
 27.09.2016 Конкурси

Информација за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Филозофскиот факултет

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2016/2017 година

ПОЧИТУВАНИ КАНДИДАТИ,
- ПРОДОЛЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СТУДИИ НА НОВИ, АТРАКТИВНИ И АКРЕДИТИРАНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ

- Моделот на студиските програми за вториот циклус студии е во траење од два семестра или четири семестри, а со одбраната на магистерскиот труд се стекнувате со академско звање магистер во соодветната област и се стекнувате со 60 кредити односно 120 кредити;
- Можност за мобилност (поминете дел од образованието на некој од европските универзитети преку програмите за студентска мобилност Ерасмус, Басилеус и други)

ЗА СТУДЕНТИ КОИ ДИПЛОМИРАЛЕ СО ВИСОК ПРОСЕК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ОВАА ГОДИНА ФАКУЛТЕТОТ НУДИ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ШКОЛАРИНА, НАМАЛУВАЊЕ НА ШКОЛАРИНАТА И ТОА:


-    Студентите кои дипломирале на прв циклус студии на Филозофскиот факултет Скопје во учебната 2015/2016 година со просечен успех од 10,00,  кои сакаат да го продолжат студирањето на Филозофскиот факултет Скопје на студиските програми на II циклус студии, се ослободуваат од плаќање надоместок на трошоците за студирање (школарината за упис на семестри).

-    На студентите кои дипломирале на прв циклус студии на Филозофскиот факултет Скопје со просечен успех од 9,50 до 10,00 ќе им се намали за 15 % надоместокот на трошоците за студирање (школарина за упис на семестри), со тоа што намалувањето ќе биде извршено во II семестар
-    На студентите кои дипломирале на прв циклус студии на Филозофскиот факултет Скопје со просечен успех од 9,00 до 9,50 ќе  им се намали за 10% надоместокот на трошоците за студирање (школарина за упис на семестри), со тоа што намалувањето ќе биде извршено во II семестар.
-    На студентите кои дипломирале на прв циклус студии на Филозофскиот факултет Скопје со просечен успех од 8,50 до 9,00 ќе им се намали за 5 % надоместокот на трошоците за студирање (школарина за упис на семестри), со тоа што намалувањето ќе биде извршено во II семестар.



Потребни документи и рокови за пријавување:

    Пријавувањето ќе се врши на Филозофскиот факултет во Скопје во Одделението за втор и трет циклус на студии од 12.9.2016 година до 7.10.2016 година од 8:00 до 16:00 часот.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:
-    Пријавен лист за запишување;
-    Електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk)
-    Диплома за завршен прв циклус (додипломски) студии;
-    Уверение за дипломирање (фотокопија заверена на нотар);
-    Куса биографија (CV);
-    Потврда за активно познавање на странски јазик;
-    Препораки од наставни или научни работници (доколку ги има такви);
-    Список на стручни или научни трудови и примерок од нив
(доколку кандидадтите ги имаат);
-    Документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Детални информации за начинот на студирање, студиските и предметни програми, кандидатите можат да добијат на Филозофскиот факултет (во Одделението за втор циклус на студии) бул. Гоце Делчев бр. 9А, телефон: 3148-860 и 3148-886 или на e-mail: daniela.nedelkova@fzf.ukim.edu.mk, sonjat@fzf.ukim.edu.mk и на www.fzf.ukim.edu.mk .

Од Филозофскиот факултет Скопје

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси