X
 28.09.2016 Култура

Место каде што 800 статуи ви го "следат" секој чекор

Во оваа градина во Јапонија се наоѓаат осумстотини статуи што се толку добро изработени, чиниш се живи, а вие имате чувство како да ви го следат секој чекор, каде и да тргнете да се движите.

Статуи во Јапонија

Скулптурите што се наоѓаат тука, направени се кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, на барање на локалниот бизнисмен-моќник, Муцуа Фуракава, а вредноста им е проценета на 80 милиони долари.

Поголемиот дел од статуите ги претставуваат познаниците на Фуракава со кои сакал да ја помине вечноста. Имено, најголемата меѓу сите статуи го претставува самиот Муцуа и е поставена со поглед кон целиот парк.

Се верува дека негова желба била паркот да биде место за релаксација, но и да им помогне на локалците во промовирање на туризмот. Во многу кратко време, селото каде што се наоѓа паркот станало познато под името Фуреи Секибуцу но Сато, што во превод значи „село во кое можете да сретнете будистички статуи“.

Денес ова место е вистинска туристичка атракција, но не и единственото необично село во Јапонија. Малку појужно, во селото Нагоро, една жена ги заменувала мртвите луѓе со кукли во природна големина. Направила повеќе од 350 и на тој начин привлекувала туристи.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура