X
 28.09.2016 Живот

Прашањето што Трамп не успеа да го одговори

На дебатата меѓу двајцата претседателски кандидати, републиканскиот кандидат Доналд Трамп добива прашање што тотално го дестабилизира.

доналд трамп


Водителот на дуелот го врти вниманието кон одбивањето на републиканскиот кандидат да ги објави своите даночни ослободувања. Трамп вели:

„Ќе ги објавам моите даночни пријави против волјата на адвокатите кога таа ќе ги објави  нејзините 33 000 е-меилови што се избришани. Штом таа ќе ги објави и јас ќе ги објавам моите, иако адвокатите ми велат да не го правам тоа.“

Клинтон потоа продолжува:

„40 години, секој кандидат за претседател на САД го објавил даночното ослободување. Можеш да имаш преглед на 39-40 години за нашите даночни ослободувања. Сите го сториле тоа. Ако тој не плаќал данок воопшто, тоа значи дека не платил и за војниците, ветеринарите,училиштата и здравството. Мислам дека најверојатно тој не е толку голем ентузијаст неговата земја да ги увиди вистинските причини, затоа што мора да има нешто многу важно и ужасно што тој се обидува да го сокрие.“

Џон Харт, истражувач и специјалист за американската политика и избори, вели дека ова е клучен момент кога дуелот се свртел против него. Тој вели дека Трамп зјапал долго и по прашањето за трговија, но со темата за даноците буквално ја изгубил способноста да сврзи реченица. Во текот на дебатата се изненадил и кога бил прашан зошто одбивал да признае дека Барак Обама е роден во САД, сé до пред некоја недела.

„Господине Трамп, 5 години континуирано тврдевте лажно дека првиот црн претседател не е роден Американец. Не верувавте во неговиот легитимитет,“ вели домаќинот Лестер Холт. Трамп одговара дека за сомнежите е причина еден од сојузниците на Клинтон, Сид Блументал, а тој му направил услуга на светот да се докаже легитимитетот на претседателот.

Коментарите се фокусирани на тоа дека Трамп се обидел да ја направи дебатата лична, да ја сврти кон себе, но со тоа очигледно се постигнало контраефект.  Генералниот впечаток е дека имал кисел изглед на ликот и дека зборувал повеќе од една жена.

За прашањето за даночните ослободувања се коментира дека било стратешки потег од Хилари за да го разниша Трамп. Тој, впрочем, со изјавата за нејзината електронска пошта се обидел да го пренасочи вниманието, но со тоа само поттикнал ново прашање за сомнеж кон нештата што се обидува да ги сокрие.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот