X
 29.09.2016 Наука

Модерна технологија успеала да ги дешифрира тајните на оштетен библиски свиток од Мртвото Море

Речиси пред половина век, археолозите пронашле во ковчези изгорени, антички свитоци, во синагогата на западниот брег на Мртвото Море. Грутката јагленосан пергамент, не можеше ниту да се отвори, ниту да се прочита. Научниците можеа само да го зачуваат, со надеж дека еден ден би се појавиле нови технологии со чија помош би можело да го прочитаат она што го пишува на свитокот.  

На Универзитетот во Кентаки, компјутерските научници само што усовршија таква технологија, пишува “The New York Times“. Експертите, во соработка со библиските научници од Ерусалим, успеале со помош на компјутер да развијат дигитална слика од свитокот. Тие откриле дека на него има фрагмент, кој е идентичен со текстот на “Masoretic“ од Хебрејската Библија, што е страта околу 2000 години.


свиток


Текстот, кој компјутерот го реконструирал од дигиталната слика, бил неверојатно јасен и читлив,  додека позадината била црна и оштетена. "Ниту во најлудите соништа не се надевавме дека нешто ќе излезе од сето ова"- изјавил водителот на проектот “Свитоците од Мртвото Море“, Пнина Шор, на чиј проект се работи  во израелската управа за антиквитети.

Научниците велат дека оваа неверојатна нова техника може да овозможи да се прочитаат останатите свитоци, кои се толку кревки што е невозможно да се одмотаат.  


Првите две поглавја од законикот на Левит



Содржината на свитокот се првите две поглавја од законикот на Левит, содржи согласки, рани хебрејски текстови, но не содржел самогласки. Она што било напишано е идентично со текстот на “Masoretic“, релевантна верзија на Хебрејската Библија, која често се користела како основа за превод на Стариот Завет во протестантските Библии. Свитоците биле пронајдени на брегот на Мртвото Море, а биле напишани со многу слични верзии, како и текстови на “Masoretic“, со многу мала разлика.

“Текстот во книгата, кој беше пронајден во ископините “Ein-Gedi“ пред неколку децении немаа никаква разлика“- вели Емануел Тов, експерт за свитоците од Мртвото Море на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим. "Ние никогаш не сме пронашле нешто вака фрапантно, тоа е од најраните докази на идентични форми на средновековен текст", вели доктор Тов.

Експертите велат дека тоа е благодарение на новиот метод што може да се прочитаат и други антички свитоци, како оние во близина на брегот на Мртвото Море и 300 “pougljenih“ од Ercolanea, град во подножјето на планината Везув, кој бил уништен во ерупција 79 години по Христос.

Околу свитокот од “Ein-Gedi“ се појавила контрадикторни докази. Хемиски се наоѓаат јаглеродни изотопи кои покажуваат дека свитокот е копиран пред околу 300 година. Но стилот на античкиот текст покажува како дошол околу 100 години по Христос. "Ние, со сигурност, можеме да ја утврдиме староста на свитокот, меѓу 50 и 100 години", напишала Ада Јардени, експерт за хебрејска палеографија, во стручната статија за списанието “Textus“. И доктор Тов поради палеографијата ја застапува теоријата дека свитокот настанал во првиот век.


Виртуелно одмотување на древните свитоци

Целиот подвиг на реконструкција на текстот е овозможено од софтверските програми кои ги развил W. Brent Seales, компјутерски експерт од Универзитетот во Кентаки. Инспирацијата ја пронашол со надеж дека ќе биде во можност да ги прочита многу изгорените свитоци од Ercolanea. Доктор Seales во изминатите 13 години работи на тоа да се олесни читањето на текстот од древните свитоци.


Мртво Море



Со методите, како што СТ скенирање, може да се видат точки од мастилото во изгорениот свиток, но кога има мноштво на писма со такви методи, записот останува нечитлив, доколку секоја буква не може да се поврзе со површината на која е напишана. Докторот сфатил дека мора прво да се реконструира површината на која е напишан, за потоа да се врати на  нејзините зборови. Тој успеал да ја реконструрира структурата, слој по слој на папирусот на свитокот Ercolanea во 2009 година.

Оттогаш тој развил метод кој се нарекува “виртуелно одмотување“, за да ја моделира површината на античкиот свиток во форма на мрежа од мали триаголници. Компјутерот може да го зголеми секој триаголник, додека виртуелната површина не одговара на онаа реалната внатрешност на свитокот. Точки на мастило потоа се стават на местото и компјутерот потоа развива три-димензионална структура во две-димензионални состојба.


Воодушевени од квалитет на сликата


На свитокот од “Ein-Gedi“ вниманието го насочи доктор Шор. Нејзиниот колега Сефи Порат, кој работел на ископувањата на синагогата во 1970 година, го припремал конечното објавување на наодите. Тој побарал од Шор да го скенира свитокот и другите артефакти, за проектот да го презентира со слики од сите материјали, а потоа да ја покаже кутијата полна со изгореници. 

"Реков дека не можеме да направиме ништо, бидејќи нашиот систем не работи со такви парчиња“- изјавила Шор.  Но, го спремила изгорениот свиток, бидејќи од него добила и други предмети кои можеле да бидат скенирани со висока резолуција.

Доктор Шор го скенирала изгорениот свиток со направа достапна во трговијата на мало, која користи рендгенска X-ray технологијата на микрокомпјутери, таквите уреди се користат за скенирање на биолошките ткива во висока резолуција. Како што знаела за работата на доктор Seales му испратила снимка, која ја добила и побарала од него да ја анализира.

И двајцата биле изненадени кога добиле јасен и читлив текст по неколку прочистувања на сликата. "Бевме изненадени од квалитетот на овие слики, многу делови се читливи, како кај неоштетените свитоци од Мртвото Море"- изјавил Мајкл Сегал, библиски научник од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, кој помагал во анализа на текстот.


Ископување на книги со одамна изгубени делови


“Иако некои записи биле претходно етикетирани како антички предмети со ракопис од “Ein-Gedi“ сепак тие претставуваат прв сериозно оштетен, со мастило напишан свиток, кој е неинвазивно одмотан и идентификуван“- напишале Seales и неговите колеги во списанието “Science Advances“.

“Јагленисаните свитоци од Ercolanea беа дел од значително големата библиотека во големата вила, која најверојатно припаѓала на противникот на Јулиј Цезар, Луциј Калпурниус Писо“-изјавил Ричард Јанко, класичен научник од Универзитетот во Мичиген.

Поголемиот дел се уште не е ископан, но неговата библиотека може да ги содржи одамна загубените делови од грчката и римската литература.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука