X
 29.09.2016 Живот

Morning glory - надреална глетка на австралиското небо


Австралиското небо памети кога е најубаво и во центарот на вниманието: кога на него се појавува брановидна формација од облаци долга 600 милји, и врз неа „сурфаат“ едрилици. Ја нарекуваат Morning glory или Прослава на утрото.


Го опишуваат како најспектакуларниот метеоролошки феномен во светот, но сепак не е доволно познат, дури ни во Австралија. Се формира во раните утрински часови во просторот околу Карпентарискиот Залив.

Туристите и жителите во градот Бурктаун, во државата Квинсленд, со нетрпение го очекуваат овој феномен што вообичаено започнува во средината на септември.

„Замислете си голема памучна волна што се протега од едниот до другиот хоризонт, и се движи низ пејсажот со брзина од околу 40 километри на час“, изјави Гарет Расел од едриличарскиот клуб Caboolture од Квинсленд.

Овој невообичаен облак може да се појави и на други места во светот, но ја нема фреквентноста и предвидливоста на феноменот околу Карпентарискиот Залив. Во Бурктаун секоја година се собираат едриличари кои се обидуваат да „сурфаат“ по работ на облаците.

„Тоа е смислата на непознатото, барем така мислам. Непозната ни е појавата, не разбираме како настанува... секој облак како да е жив и различен од останатите во формацијата, исто како брановите  за сурфање. Го користиме моторот од едрилицата да подизлеземе и да го допреме облакот, а потоа ја исклучуваме машината и продолжуваме да пловиме.“

Формацијата вообичаено се појавува над морето, но еднаш беше забележана врз ораниците околу Блекел, мал град во центарот на Квинсленд.


Morning glory
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот