X
 30.09.2016 Образование

Брегзит предизвика проблеми со сместувањето на студентите во Велика Британија

Голем број на студенти на еден од најдобрите универзитети во светот се принудени да ги споделат еднокреветни соби или да престојуваат во хотели, поради хроничниот недостиг на сместување предизвикано од напливот на ЕУ студенти кои се запишуваат во пресрет на Брегзит.

Универзитетот Ворвик е познат по своите МБА наставни курсеви каде учат најпаметните кандидати во светот, како да водат бизнис. Сепак, "универзитетските неуспеси и малверзации" резултираа со околу 120 нови студенти, поради што предизвикаа постојните студенти да бидат принудени да ги делат спалните соби со странци.

Најмалку уште 150 студенти на постдипломски студии се сместени во хотели овој период, по што им било кажано дека веќе немало доволно простор за да се приспособат во кампусот. На студентите кои споделувале спални им се кажувало дека тие ќе може да имаат свој простор, само ако и кога другите би се откажале од студирање.


студенстки легла


Еден студент кој започнал со годината на магистерски студии изјавил дека му било кажано да "спие во училницата", како резултат на кризата, тврдење што универзитетот подоцна го одби. Бен Харис, рече дека му било понудено "соба за спиење во една училница, до крајот на Септември", а за неколку недели потоа "најдобро што може да направите е да организирате престој во хотелот со намалени цени".

Во изјавата за “The Independent“, портпаролот на Универзитетот навел дека Брегзит е една од главните причини за кризата, откако неочекуван број на европски студенти побрзаа да прифатат места пред Британија да ја напушта ЕУ.

Петар Дун, директор на печатот и политиката во Ворвик, рече Брегзит воведе "голем степен на несигурност за вработување на студентите. Очекуваме бројот на не-Британците ЕУ студенти да се намли по референдумот", изјавил тој, "но она што всушност се случило е бројот на прифатени студенти се зголемил."

Невиден број на студенти од странство прифатиле места во последен момент со цел да избегаат потенцијално покачување на давачките следната година.

"Ние се обидуваме да направиме бројот на студентите да одговара на бројот на соби, но тоа е невозможно да се каже точно колку ќе прифатат, а оваа година Универзитетот е повеќе популарен од кога било“- објаснил Дун.

Студентот Киеран О'Шеј од Лондон, изјави: "Јас не се грижам толку да имам свој приватен простор,  отколку што се грижам за тоа дали ќе ми се допаѓа оваа личност и каква ќе биде. Тоа ќе биде малку чудно да го делам целиот мој живот со целосен странец ... тоа ме натера да имам некои дополнителни грижи, а  како последица на тоа опадна мојата возбуда за започнување на универзитет ".

Во соопштението објавено на својата веб-страница, студентскиот сојуз на Ворвик рече дека е свесен дека многу дојдовни студенти биле погодени од "недостаток на сместување поради прекумерно вработување од страна на универзитетот".

Директорот на постдипломски студии на Унијата на студентите, Нат Панда, рече дека е четврта година по ред како студенти на постдипломски студии биле оставени без соби поради "лошото управување од страна на Универзитетот. Има студенти кои аплицирале за нивните курсеви во пролет и за сместување уште во Мај, кои сега слушаат дека не им се нуди трајно сместување на само една недела пред да пристигнат. Студентите во оваа позиција ги вклучуваат и оние кои веќе имаат поминато илјадници фунти за визи, патни трошоци, па дури и давачките се разбира, кои подигнале скапи комерцијални кредити, се откажале од своите работни места, ги напуштиле своите семејства, или ги одбиле понудите на други универзитети“- вели Панда.

Тој додава: “Не само што оваа ситуација е крајно неприфатлива, таа може да се избегне, покажувајќи уште еднаш на негативните ефекти од системските неуспеси во рамките на Универзитетот и опасностите на системот на маркетиншко образование.

Истражување составено од агентите за имот “JLL“ проценуваат дека недостатокот на студентско сместување низ целата земја придонесе тројца студенти да се натпреваруваат за секое отворено легло оваа година.

Во моментов, студентите од земји членки на ЕУ имаат право да студираат во Обединетото Кралство за иста цена како и граѓаните на Велика Британија, но тоа  може да биде предмет на проблеми со даноците, откако земјата ја напушта ЕУ, што резултираше во последната минута да се брза за места.

Портпаролот рекол: "Ние во моментов имаме 154 студенти на постдипломски студии во хотели. За овие 154 ние може да им понудиме 60 соби, што значи 94 студенти ќе бидат оставени сами да најдат сместување или на кампусот или преку приватниот сектор“.

Универзитетот Ворвик, во Велика Британија вети 90 милиони фунти  за градење на капацитет за сместување за студенти на кампусот, вклучувајќи и дополнителни 267 соби за следната година.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование