X
 03.10.2016 Живот

Методи за ослободување од негативците во вашиот живот

Среќата е секогаш на дофат, но во секојдневниот живот не се изоставени лошите вести и негативните луѓе кои го уништуваат доброто расположение и имаат токсично влијание. Сепак, постојат начини на кои може да се заштитите од негативностите, затоа што тие може да имаат влијание врз личноста само ако им се дозволи.

негативни луѓе


Откако сте поминале време со негативните луѓе се јавува исцрпдостиг на енергија. Спротивно на нив, други луѓе позитивно влијаат на умот и среќата на личноста. Ако сте донеле одлука да не бидете боксерска враќа за другите и да не дозволувате повеќе некој да се однесува лошо кон вас, прочитајте 10 начини што би ви помогнале во реализацијата на одлуката:

Отстранете ги негативците од околината: не губете време со личности што ве трујат само со своите проблеми и се без желба за промена. Исто така, не губете време во објаснување на своите ставови пред оние што упорно не сакаат да ве разберат.

Никој нема право вербално или физички да ве напаѓа:
било каков напад не може да биде љубов. На таквите личности треба да им свртите грб и да заминете од нив. Никој нема моќ да направи да се чувствувате мали ако не му дозволите.

Не дозволувајте да ви се наметнува чувство на вина:
секој сам е одговорен за своите постапки. Ако се работи за членови од семејството кои ви наметнуваат вина, не дозволувајте да ви ја уништат самодовербата. Смирено кажете им дека не се согласувате со нив и постапувајте како што сметате вие.

Тргнете се од драмите: избегнувајте ги луѓето кои за сé нешто прават драми и трудете се да не создавате сопствени. Нервирањето најчесто е залудна работа.

Не дозволувајте да бидете вовлечени во кавга:
негативностите околу вас не се вредни за вашето внимание, а на личностите што сакаат да поведадат кавги со вас кажете им дека за такво нешто не сте заинтересирани.

Не дружете се со луѓе што лажат и зборуваат за грб: ваквите личности не се прави пријатели. Додека семејството не може да се бира, пријателите може. Зближете се со оние што навистина ве заслужуваат.

Не дозволувајте да ве искористуваат: ако имате „пријатели“ за кои постојано правите услуги, а за возврат не добивате ништо, научете дека луѓето не ги приметуваат тие услуги сé додека не престанете да ги давате. Пријателството треба да е рамноправно.

Не дозволувајте другите да ве убедуваат дека промените се лоши: вашите соништа зависат од вас и мислењето на другите не е важно. Наместо со пријатели што ве спречуваат да остварувате, опкружете се со луѓе што ги охрабруваат промените.

Вашите пријатели треба да даваат колку и вие:
ако сакате, имате право на љубов, ако сте добар пријател, заслужувате да имате добри пријатели. Едноставно е.

Најважен е односот со самите себе си: најболно во животот е да се изгубите себе. Луѓето треба да ве прифаќаат такви какви што сте и да ги почитуваат вашите мислења и чувства. Најважно е да се сакате самите, а со тоа ќе се промени и ставот на другите кон вас.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот