X
 06.10.2016 Култура

Кој актер ќе го глуми Никола Тесла

Николас Хоулт, звездата на филмот Х – мен, можно е во иднина да се појави на малите екрани во улогата на Никола Тесла.

 

 

Серијата “Војна на струите“ ќе биде базирана на вистинита приказна, а сместена во времето околу 1880 година и насочена делумно на борбата помеѓу познатите пронаоѓачи Никола Тесла и Томас Едисон, кој го толкува Бенедикт Камбербач.

 

Во серијата можно е да бидат застапени и случувања од приватниот живот на Тесла – на пример моментот кога Едисон му ветил 50.000 долари за редизајн на мотор и генератор, но парите никогаш не му ги исплатил. На потсетувањето на договорот, Едисон секогаш одговарал со зборовите : “Па, Тесла, ти не го разбираш нашиот американски хумор.“

 

Тесла се повлекол, а новата борба следела кога познатиот претприемач Џорџ Вестингхаус, кој барал начин за да ја снабди со електрична енергија цела Америка на голема далечина, бил заинтересиран за теслиниот систем на наизменична струја.

 

 

 

Во тоа време, Едисон работел на систем на еднонасочна струја, а со тоа ја освоил наклонетоста на јавноста со таканаречената “валкана“ кампања против Тесла и Вестингхаус, за вниманието од нивните изуми да го привлече кон себе.

 

Целата серија ќе се заминава со овој инцидент, кој започнал како натпреварување помеѓу два ривала, а завршува со нешто што е крајно малициозно.

 

Тесла сепак излегува како победник од оваа војна во 1887 година во Њујорк, каде што отвара своја лабараторија во која работи се до неговата смрт.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура