X
 07.10.2016 Живот

Еве како Барак Обама се смени по осум години на претседателската функција

Вториот и последен мандат на Барак Обама како претседател на САД завршува на 28 јануари 2017 година, што и не е толку далеку.

И како што Хилари Клинтон и Доналд Трамп учествуваат во пресметка за заземање на неговото место, New York Magazine се одлучи да ги анализира осумте години на владеењето на Обама.


Барак Обама


Една од првите акти што како претседател му била должност било потпишувањето на наредба за затворање на контроверзниот затвор Guantanamo Bay и додека тој останува отворен, популацијата во затворот се намали од 775 на 61.

Што се однесува на претседателската функција, Обама ја водеше САД преку голем број на конфликти, вклучувајќи ги и остатоците од војните во Ирак и Авганистан; посредуваше за нуклеарен договор со Иран, отвори дипломатски односи со Куба, помогна преку климатскиот договор со Париз и донесе реформи на здравствениот систем.


Обама


Тоа беа тешки осум години. Фотографот Дан Винтерс ја објавил оваа фотографија на Обама. На левата страна е фотографија на Обама од 2008 година, а на десната фотографија од 2016 година. Луѓето укажуваат на разлики помеѓу двете фотографии.

А еве како би изгледал во следните четири години, кога би имал можност на трет мандат според проценките на “Bloomberg“.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот