X
 08.10.2016 Образование

Српското семејство објаснува зошто таткото јавно се извинил за недовербата во својот син студент

Таткото на Илија Ѓуриќ пред околу 2 недели јавно му се извини во српскиот весник „Политика“ затоа што не верувал дека Илија ќе заврши факултет. Веста може да ја прочитате ОВДЕ .

извинување


Сега тој објаснува зошто го направил овој необичен потег со кој ги воодушеви медиумите и социјалните мрежи. Бранко Ѓуриќ за „Политика“ изјавил дека оваа идеја ја добил кога во рубриката „Меѓу нас“ во тој белградски весник видел текст од четириесетите години на минатиот век во кој еден татко се извинува на својот син затоа што не верувал во него.

Илија пред неколку години запишал по трет пат прва година на Електротехнички факултет и го изгубил правото на државно финансирање. Кога таткото се посомневал дека тој воопшто ќе го заврши факултетот, Илија ветил дека сам ќе се финансира и ќе дипломира, а татко му му рекол дека ако заврши тој јавно ќе му се извине.

Со целосна поддршна на мајка му Ана, која во ниту еден момент не се посомневала во него, тој успеал да ја оствари целта. Ана вели дека нејзиниор сопруг завршил Електротехнички факултет на време и оттаму потекнува причината за сомнежите:

„Но, Илија рече дека сам ќе се погрижи за сé и успеа. Се издржуваше со цртање стрипови и за мене тоа е навистина многу добро. Да моравме ние да го финансираме, нема да беше толку лесно, од година на година“, вели гордата мајка.

Кога завршил со студиите, Илија побарал извинување од таткото. Илија објаснува дека неговите родители цел живот го поддржувале и верувале во него.

„Кога и официјално дипломирав, прво што ми рече татко ми беше ‘дај ми документ со печат да дадам оглас во весник’, а потоа ме праша дали и можеби планирам да магистрирам за да дава следната година уште едно извинување“, изјавува Илија за срскиот весник „Политика“.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование