X
 10.10.2016 Образование

Академик Владо Камбовски: Болоњскиот процес е недоследно спроведен и е извор на сите проблеми во високото образование

Високото образование, науката, истражувањете и технолошкиот развој е јавен проект што го креира колективниот општествен ум, во заедницата помеѓу државата, академската и научната заедница и стопанството. Некаде излизгал нашиот систем, па ги тргнал овие две исклучително важни, креативни сфери, централизирајќи ги функциите во високото образование, науката и истражувањето во државата, односно во Министерството за образование и наука, вели академик Владо Камбовски



Недоследно спроведување на Болоњскиот процес кој е остварен само во некои елементи е причина за проблемите во високото образование, науката, иновациите и развојот во Република Македонија, рече денеска академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите.

- Резултат на Болоњскиот процес беше потребното, очекувано проширување на мрежата на високообразовни институции. Таа е проширена со повеќе од 24 универзитети, 130 факултети и 600 студиски програми. Тоа е преобемна високообразовна сфера, која ја нема во многу поразвиени држави. Но, истражувањата и апликациите не се доволно развиени и науката и истражувањето не се интегрален дел на нашиот систем на високо образование - рече Камбовски.

Тој се обрати на научната конференција на тема „Состојби и перспективи на науката и високото образование во 21 век“ која МАНУ ја организира во рамките на одбележувањето на  49 години од основањето на Академијата.

Камбовски истакна дека е неопходно да се обезбеди соодветно јавно финансирање за науката.

- Високото образование, науката, истражувањете и технолошкиот развој е јавен проект што го креира колективниот општествен ум, во заедницата помеѓу државата, академската и научната заедница и стопанството. Некаде излизгал нашиот систем, па ги тргнал овие две исклучително важни, креативни сфери, централизирајќи ги функциите во високото образование, науката и истражувањето во државата, односно во Министерството за образование и наука. И од тоа произлегуваат бројни недоразбирања, донесување законски проекти и измени на законите без поширок општествен дијалог - рече Камбовски.

Тој додаде дека во однос на технолошкиот развој, државата презела позитивни активности, меѓу кои Стратегијата за развој на иновации 2020 и создадената инфраструктура.
- Но, сето тоа се прави повторно без потребниот спој меѓу трите области. И затоа не може да ги даде потребните ефекти - дециден е тој.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, во своето излагање под наслов „Година на премрежија и надежи“ истакна дека последниве две години ќе останат запаметени како исклучително тешки, со тензии и искушенија, и со очекувања земјата да ја надмине сериозната криза.



- Проблемите нема да се разрешат преку ноќ. Тие ќе бараат крупни реформи, многу знаење, енергија и политичка волја за нивно надминување. Ние, членовите на МАНУ, посветено ќе работиме на надминување на отворените предизвици со кои е соочено нашето општество - рече Фити.

Според професорот Илија Ацевски, денес Македонија се наоѓа на крстопат - да тргне во насока на квалитетно европско образование или и понатаму да се соочуваме со актуелните проблеми.
- Отворањето повеќе универзитети не води кон квалитет. Македонија е меѓу ретките земји која има најмногу универзитети, релативно најмногу студенти, но тоа не значи подобрување на квалитетот на образованието... Реформата значи одлучни чекори. Во овој момент Македонија, особено УКИМ треба да обезбеди евалуација за да може реално да го лоцира ксе Иако се направени реформи и трансформации, нема никаква промена на суштината, посочи професторот Љубомир Гајдов. Според него, реформите треба да ги прави голем трансдисциплинарен тим.

- Како во Хрватска. Во курикуларните реформи се вклучени 850 експерти. Потребно е да се воведе и филозофија во сите нивоа на образование - од предучилишно до докторски студии. Ако не ги научиме децата да мислат со логика и да се однесуваат со етика, нема да очекуваме иднина на оваа земја - рече Гајдов.

Фити посочи дека во тек е реализација на повеќе од 100 научноистражувачки и уметнички проекти од различни области. Во изминатата година биле организирани 30 научни собири и богата издавачка дејност, а голем број трудови се објавени во меѓународни списанија и списанија со импакт-фактор.
Подготвил: В.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование