X
 10.10.2016 Наука

Митот за десетте проценти - колкав дел од мозокот навистина се користи?

Човечкиот мозок е комплексен и недоволно истражен, па можеби и поради ова сé уште се верува во старите митови. Најпознат е митот дека користиме само 10% од мозокот, или идејата дека човекот користи само мал дел од неговиот вистински потенцијал. Дополнително на ова, се верува дека човековите способности може да бидат многу големи ако се искористи сиот тој потенцијал.

мозок


Често се случува луѓето да се соочат со неуспеси од типит на неможност да се разбере сложена математика задача или да заборавање на важна информација. Можеби заради ова се верува дека постои неискористен потенцијал. Но, реално, десетте проценти се 100% мит. Мозокот се користи целосно, освен во оние регии што некаква штета или болест уништила одреден дел.

Од каде потекнува митот?


Се верува дека овој мит постои од почетокот на 1900тите и тоа од записите на психологот и филозоф Вилијам Џејмс. Во неговата книга од 1908 година, Енергиите на човекот, тој пишува, „Користиме само мал дел од нашите можни ментални и физички ресурси.“ Потоа се проширил како и многу други урбани легенди: креаторите на филмови нашле тема за обработка, а добронамерниците го користеле митот за мотивација, за да демонстрираат дека човекот треба да вложува многу повеќе напори.

Разоткривање на митот


Невролозите укажуваат на неколку причини зошто десетте проценти се мит:
  • Скенирањата на мозокот јасно покажуваат дека сите регии се активни дури и за време на рутински задачи како одење или слушање музика;
  • Ако овој мит е вистина, луѓето што страдаат од оштетување на мозокот од несреќа нема да забележат реални ефекти. Не постои област во мозокот што може да се оштети, а да се мине без последици;
  • Човекот не би еволуирал со толкав голем мозок, ако биле потребни само 10% од него;
  • Мозокот користи околу 20% од енергијата на телото. Не би имало еволутивна смисла за тој мал дел да се користи голема количина на енергија;
  • Истражувачите уште не пронашле регија во мозокот што нема функција, што е тотално неактивна. Детални истражувања не успеале да докажат дека 90% од мозокот не се функционални;
  • Митот за десетте проценти останува популарен и упорен. За жал постојано се сретнува во медиумите и холивудските филмови, меѓу кои и популарниот „Луси“ од 2014.
Следниот пат кога некој ќе ви зборува за овој мит, ќе можете да го демантирате. Тоа не значи дека човекот нема неверојатен потенцијал што треба да се стреми да го искористи, но се користи 100% од мозокот во секојдневниот живот!
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука