X
 11.10.2016 Наука

Нов пресврт за популарната теорија за потеклото на животот на Земјата

Постојат повеќе теории за потеклото на животот на Земјата, но најчесто прифатената е “светската РНК“ (“RNA World”) теорија, која претпоставува дека рибонуклеинската киселина (РНК) е предвесник на дезоксирибонуклеинска  киселина (ДНК) што е основен составен елемент денес на сите живи организми и за многу вируси. Но, научниците од Scripps Институт за истражување (TSRI) во La Jolla, Калифорнија, најдоа проблем на оваа хипотеза. Тоа ги натера да укажуваат дека РНК и ДНК еволуирале истовремено.

"Дури и ако верувате само во светската РНК теорија, ќе мора да верувате во нешто што постоело со РНК да помогне да се движи напред"- рече Ramanarayanan Krishnamurthy, вонреден професор по хемија на “TSRI“ и сениор автор на новата студија.


живот на земјата


РНК е во суштина една страна од скалата. Проблемот со  “светската РНК“ теорија е дека, на патот од РНК кон ДНК, би имало моменти кога двата молекули ќе се спојат, формирајќи хетерогени низи. Овие низи, наречени “химери“, ќе бидат еден централен чекор кон ДНК.

Истражувачите од “Scripps“ открија дека овие химери се нестабилни. Ова откритие го поддржува претходното истражување на добитникот на Нобелова награда, биологот Џек Зостак од Универзитетот Харвард.

Нестабилноста на овие химери значи дека тие, најверојатно, нема да преживеат. Во модерните клетки, ако РНК нуклеотидите случајно се приклучат на ДНК низите, софистицираните ензими доаѓаат да ја поправат грешката. Овие ензими не беа присутни пред околу 3,8 милијарди години. "Транзицијата од РНК до ДНК не би било лесно, без механизмите кои би ги држеле одвоени-изјавил Krishnamurthy.


Ramanarayanan Krishnamurthy


Ова ги водеше научниците од “TSRI“ да погледнат кон уште една можност. "Зошто да не се мисли на РНК и ДНК да се издигнат заедно, наместо обидот да се конвертира РНК во ДНК со помош на некоја фантастична хемија на пребиотик сцена?"- вели Krishnamurthy.

Ако РНК и ДНК еволуирале во исто време, РНК се уште може да се развила за производство на ДНК, но двете молекули би имале веќе независни хомогени системи.

Иако ова ја разнишува светската РНК теорија, таа не нуди индикации за тоа како овие клучни молекули првично се појавуваат. Но, уште во Mај, една студија покажа дека клучните состојки за да се формира РНК би можеле да бидат присутни на младата Земја. Некои од овие соединенија, вклучувајќи пурински, аденин и гванин, би можеле да бидат создадени кога астероидите и кометите паднале на Земјата. Покрај тоа, NASA студија покажа како основните составни елементи на ДНК би можеле да се создадат во вселената.

И покрај тоа што научниците никогаш нема да знаат точно како животот на Земјата започнал, разбирањето за механизмите го зголемуваат нашето знаење за основната биологија.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука