X
 11.10.2016 Технологија

Нова опција на Фејсбук која ќе им се допадне на корисниците

Се чини дека овој пат она што се случува на Facebook, останува на него

“Facebook“ на своите корисници им ја претстави новата опција Secret Conversations. Испраќачите и примателите на пораките на Messenger сега може да водат тајни разговори.

Покрај тоа, можно е автоматски да се подеси бришење на пораките. На пример сакате вашата порака да се избриши 5 секунди по читањето и таа засекогаш исчезнува. Концептуално оваа опција работи слично како и апликациите на пример “Snapchat“, но разликата е што вашите пораки не се бришат во рок од 24 часа, туку во зависност од времето што сами ќе го поставите.


Facebook


Пред неколку месеци “WhatsApp“ користеше енкрипција, што на корисниците им ја обезбеди приватноста на нивниот разговор, а сега тоа го прави и “Facebook Messenger“.

“Сакавме да создадеме разговорите на нашите корисници да се приватни и безбедни. Пораките се наменети само за луѓето кои разговараат и за никој друг, па ниту на нас“- рекоа од врвот на Facebook.

Активирање на тајните разговори

Кога ќе почнете со нов разговор на Messenger во горниот десен агол кликнете на симболот за пишување. Во следниот прозорец треба да се појави опцијата "тајно". Потоа одберете го примачот на пораката и започнете разговор. Ако не можете да ја најдете оваа опција, веројатно потребно е да инсталирате нова верзија на Messenger или да чекате на ажурирање на апликацијата.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија