X
 12.10.2016 Живот

Најскапите земји за одгледување на деца

Според новиот извештај на државите членки на OECD, Велика Британија е најскапата земја во светот што се однесува за грижата за деца, или барем најскапа од испитаните земји.

Извештајот на Society at a Glance извештај 2016 покажа дека просечните трошоци за детска грижа за државите членки на OECD се околу 15 проценти од нето приходите по семејство.


детска грижа


Велика Британија е на врвот на ранг листата од 30 развиени земји, со нето трошоци за детска грижа во износ од околу 33,8 проценти од семејството нето приход. На второ место е Нов Зеланд(29 проценти), па следува Ирска (27,4 отсто) и САД (25,6 отсто). Ранг листата видете ја од табелата на Statista.


детска грижа


Во извештајот се вели: “Ваквите високи трошоци се силна пречка за вработување. Тоа не може да биде финансиско исплатливо за двајцата партнери да работат, а вообичаено мајката е таа која останува дома“.

“Да се ​​биде жена го додава ризикот да се стане “NEET“ (не во образование, вработување или обучување) особено на долг рок. Голем број млади жени се грижат за децата и за другите членови на семејството дома. Како резултат на тоа, жените за 1,4 пати имаат поголеми шанси да бидат “NEET“ отколку младите мажи. Самохраните родители сметаат дека е особено тешко да се комбинира грижата за деца со вработувањето или понатамошното образование“.

SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот