X
 13.10.2016 Живот

АНКЕТА: Дали ги вакцинирате децата?



Дали да го вакцинирам моето дете или не? Ова е дилемата која ги мачи најголем дел од родителите кои за волја на вистината често пати не знаат кој пат да го фатат читајќи ги различните информации на интернет. ММР предизвикува аутизам, другите вакцини може да предизвикаат епилепсија, дијабет, пречки во развојот, па дури и смрт - се само дел од предупредувањата на антивакцинерите. Тие бараат вакцините да не бидат задолжителни.

Другата страна пак, постојано предупредува дека благодарение на вакцините искоренети се многу смртоносни болести и дека истите може повторно да предизвикаат епидемии, ако се поголем број на деца не се вакцинираат. Со оглед на тоа што многу родители и во Македонија одлучуваат де не ги вакцинираат своите деца Факултети.мк прави онлајн анкета токму за оваа тема. Пишете ни ги искуствата:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот