X
 13.10.2016 Живот

Прогноза за времето во наредниот период



Денес е четврток, 13 октомври 2016 година, 287-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:38, а ќе зајде во 17:59 часот. Денот ќе трае 11 часа и 20 минути.

Ведро и студено утро имаме денеска во Македонија. По котлините и долините на реките има и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен западен ветер. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 21 степен. Вредност на ув индексот ќе изнесува 4.

СКОПЈЕ – По студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои ќе се движат од 15 до 22 степени. Во сабота зголемување на облачноста но суво време, ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и температури од 15 до 22 степени. Во недела претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд и пад на максималните температури кои ќе достигнат до 11 односно до 21 степен. Нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и во понеделник кога дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот