X
 14.10.2016 Образование

Дали би успеале да се запишете на Универзитетот во Оксфорд? Пробајте да ги одговорите овие прашања

Универзитетит во Оксфорд објави серија од прашања-примери за интервју. Запишувањето на Универзитетот варира од област до област, но сите курсеви вклучуваа барем едно или две интервјуа на колеџот што сте го одбрале.

Универзитет Оксфорд


Без разлика на образованието што го имате, интервјуто е можност да го покажете интересот и вештините за одбраната област, а не да го повторувате она што веќе сте го научиле. Менторите ги охрабруваат студентите да го искористат нивното знаење и да го применат начинот на мислење во решавање на проблемите.

Некои од прашањата се кратки, но апстрактни, некои се презентација на сложен проблем што треба да се реши. Како би одговориле:

1. Што го прави еден роман или драма да биде „политички“? (Современи јазици: француски јазик)

- Одговорот би требало да го покаже интересот за литературата или културата на јазикот што сакаат да го учат, како и интерес за дела што се политички. Добар кандидат не би се плашел да биде контрадикторен во одговорот и би знаел да покаже флексибилност и да размислува од повеќе аспекти.

2. Замислете скала што се навалува на вертикален ѕид со ногарките на земја. Средните скалила се обоени во друга боја на страната што се гледа кога сме свртени кон скалата од страна. Каква форма исцртува тој простор во средината кога скалата паѓа на подот?
(математика)

- Одговорот на ова прашање е спротивен од она што се очекува затоа што се мисли на формата што скалата ја прави додека паѓа. Целта е кандидатот да ја покаже способноста да ги отстрани непотребните информации и математички да претстави што е проблемот.

3. Околу 1 од 4 смртни случаи во Велика Британија е поради некоја форма на рак, а на Филипините таа бројка е 1 од 10. Кои фактори може да влијаат на разликата?
(медицина)

- Некои кандидати ќе се фокусираат на тоа од кај дошле податоците, некои на начинот на живот во двете држави, а други на животниот век. Целта на прашањето е да се стимулира дискусија и да се види како размислува кандидатот.

4. Што мислите дека вклучува обвинувањето на некоја личност?
(Политика, Филозофија, Економија)

- Овде се оценува креативноста во давање примери и предлози и критичкото размислување. Некои вината ќе ја поврзат со некое дело, а други кандидати ќе кажат дека вистинските виновници треба да имаат и одредени чувства: лутина, омраза и сл.

5. Голема студија покажала дека постарите браќа и сестри постојано даваат подобри резултати од помладите на тестовите за интелигенција. Зошто се случува ова?
(Експериментална психологија)

- Ова прашање ги поттикнува кандидатите да размислат за различните аспекти на психологијата и целта е да се гледа низ призмата на повеќе фактори. Нема точен одговор, но насоките во кои размислуваат и прашањата што ќе ги постават ја покажуваат нивната подготвеност за курсот.

Сите прашања може да ги погледнете ОВДЕ.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование