X
 14.10.2016 Култура

Прекрасен пример ни доаѓа од Париз, ајде да им ја „украдеме“ идејата!



Урбани градини во Париз 1

Париз усвои закон кој овозможува секој да одгледува урбана градина во рамки на централната градска област. По добиената дозвола, градинарите можат да одгледуваат растенија на ѕидовите, во кутии, на крововите, под дрвјата или на оградите. Смеат да го негуваат и зеленилото пред нивните домови или канцеларии. Градинарите можат да посадат цвеќиња, зеленчук и овошје. Целта на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, е да се создадат 100 хектари „живи ѕидови“ и „зелени кровови“ до крајот на 2020 година, од кои една третина ќе бидат посветени на земјоделски култури.


Урбани градини во Париз 2

Новиот закон ги поттикнува граѓаните да станат „градинари на парискиот јавен простор“. Градинарите мора да користат одржливи техники, да избегнуваат употреба на пестициди и да промовираат биоразновидност во градот. Од нив се бара да дадат согласност и да ја потпишат „повелбата за рекултивација“, да одгледуваат „локални растенија“ и да се грижат за нивните градски градини, со што ќе допринесат за градската естетика. Градот Париз издава тригодишна дозвола, со можност истата да биде обновена.

Урбани градини во Париз 3

Градот од жителите побара да бидат креативни при засадувањето на своите растенија, а од негова страна обезбеди „градинарски пакет“ од семе и ѓубриво. Тие излегоа со неколку препораки, но во основа се надеваат дека граѓаните сами ќе ја изразат својата креативност при раззеленувањето на градот. Градските службеници се надеваат дека законот ќе допринесе за зголемување на квалитетот на животот во Париз и ќе ја истакне неговата убавина. Исто така, Пенелопа Комит, асистентка на гадоначалничката, нагласи дека ваквото одгледување на градини може да помогне за зајакнување на меѓусоседските релации и изградување нови социјални врски.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура