X
 14.10.2016 Култура

Животни лекции од Пабло Пикасо: „Смислата на животот е да го најдете вашиот дар. Целта на животот е да го подарите“

Разликата меѓу тоа да се биде просечен и голем е во ова: големите уметници се држат до својата единствена визија. Тие не прават компромис. Тие одат против правилата и создаваат нешта, нивната работа не може да биде прифатена од многу, но тие наоѓаат мала група на луѓе, кои интензивно ја сакаат нивната работа. И тоа е она што ги прави успешни, тие  остануваат верни на себе.

Пабло Пикасо беше еден од најуспешните, креативните, и инспиративни уметници кои некогаш живееле. Тука е човекот кој ја создал својата судбина, кој постојано се ре-измислуваше самиот себе (без оглед на она што го велат неговите критичари), секогаш создавал уметност и притоа се забавуваше како дете.


Пабло Пикасо


Сметаме дека многумина од нас можат да научат од неговите лични филозофии, и уште поважно, од неговата работа, и како тој го живеел својот живот.


1. Креирај како дете

"Секое дете е уметник. Проблемот е како да остане уметник кога ќе порасне"- Пикасо

Дали се сеќавате кога бевте дете? Кога немавте граници или ограничувања за вашата креативност?

Вашите родители може ви дале лист хартија и неколку моливи. Вие сте нацрталее нешто на таа хартија и родителите  изразиле дека сте љубопитно дете. Немавте концепт на "добро" или "лошо" во уметноста.


креирај како дете


Тогаш како што растеме, нашите наставници ни кажуваат што да не правиме. Тие ни ги кажуваат "правилата" на уметноста. Нашето внатрешно-дете умира. Ние стануваме возрасни. Ние веќе не сме креативни како што бевме на почетокот.

Пикасо ни кажа дека секое дете е уметник. Но, како можеме да останеме уметници како што растеме и влегуваме во светот на возрасните?

Заборавете на правилата кои другите ви ги наметнуваат. Наместо тоа, обидете се само да играте и да се забавувате. Искажете го вашиот стил, без внатрешна цензура да ви кажува да го направите нештото поинаку. Не ги прашувајте другите за фидбек за вашата уметност. На детето не му е потребно одобрение од други за својата уметност. Тие создаваат дела, бидејќи тоа им е забавно.

Уште еден цитат од Пикасо која ја илустрира поентата да се остане дете:

"Ми требаа четири години да сликам како Рафаел, но цел живот за да сликам како дете“.

Кога ќе започнеме со изучување на занает во уметноста, ни велат да ја копираме работата на мајсторите. Учиме за композицијата, формата и светлината. Ние работиме напорно за да создадеме имитации на ремек-дела. Сепак, кога ќе завршиме со нашето школување, ние треба да научиме како да ги "убиеме нашите мајстори". За да не дозволиме нивното влијание да не ограничи нас.

Тоа значи учење на основните правила, но и знаење како да ги скршиме. Колку поискусни станувате во уметноста, толку повеќе ќе ви треба да ги "одучите" правилата.

Мислете на уметничките дела на Пикасо. Тој почнал од способноста да создава супер реалистични имитации на големите уметници. Исто така, честа заблуда е дека сета работа на Пикасо беа овие апстрактни кубистички дела. Тоа не е точно: Пикасо знаеше како да подготви проклето-убедлив животен стил. Пикасо знаеше како да направи супер реалистични дела.

Една од најфасцинантната работа во врска со работата на Пикасо е како тој беше во можност да возвиши слика во својата суштина. А со цел да го стори тоа, Пикасо морал да копа длабоко во својот детски ум и да создава со спонтаност, забава, и оригиналност.

Задача:


Набљудувајте дете за еден ден. Погледнете како секое искуство е сосема ново за него. Секое искуство е забавно и е шанса да расте и да учи. Детето не слуша правила. Тоа го прави она што сака. Неговата креативност е до максимум.

Сега набљудувајте ги возрасните: како сме заглавени во нашите кабини и канцелариски работни места. Кажано ни е да одговораме на емајл пораки во рамките на часот. Ни се вели да ги почитуваме правилата, законите и ограничувањата. Постојано сме судени и критикувани.

Како што старееме, не сакаме да станеме зрели. Наместо тоа, бараме да станеме како дете, како што старееме. Обидете се да бидете како Бенџамин Батон, годишна возраст во обратна насока.

Поврзете се со вашето внатрешно дете и создадете уметност без ограничувања. Ова е начинот на кој што вистински може да се изразете креативно. Може да ви треба цел свој живот да станете дете, како што Пикасо рече: "Трае долго време да се биде млад."


крадете идеи


2. Крадете добри идеи


"Добрите уметниците копираат, големите уметници крадат."
“Лошите уметници копираат. Добри уметници крадат".

Едно значење за суштината на овие цитати би значело ова: земете ги најдобрите идеи од оние кои дошле пред вас, но, не имитирајте ги мајсторите линија по линија. Наместо тоа, трансформирајте ја вашата уметност во нешто ново.

Не постои такво нешто да се биде "оригинален" без привлечната инспирација од другите. Сите ние сме збир од нашите животни искуства, како дел од едно општество.

Кога учиме за фотографијата, ние треба да ги научиме основните технички аспекти, во однос на изложеноста, светлината, сенката, и врамувањето. Кога почнуваме со сликарство, ние треба да научиме како да сликаме како мајстори. Кога почнуваме со музика, ние учиме како да свириме по скалата.  

Меѓутоа, ако сакате да создадете вистински оригинална работа која вас ве изразува, црпете инспирација од колку што е можно повеќе ресурси. Но, тогаш увидете како може да додадете свој спин на неа. Погледнете како може повторно да мешате едно парче на уметноста во минатото и да додадете своја интерпретација.

Секогаш запрашајте се: "Што е она нешто малку ново што можам да го ставаат на маса?"

Често најдобрите писатели не се оние кои ги прават најоригиналните приказни. Наместо тоа, тие ќе земаат идеи од стари приказни и ќе ги освежат во нешто помодерно за современиот читател.

Фотографот ќе црпи инспирација од мајсторите фотографи од минатото, но ги користи новите технолошки достигнувања за да создаде нов вид на слика, со која ќе ја инспирира современата публика.

Задача:

Кој може бесрамно да краде идеи, без чувство на срам?

Не се чувствувате дека сте “оригинален“ во вашиот креативен живот. Крадете од кој било извор или мајстор. Сепак видете како може да ставите свој уникатен спин на неа: полнете ја вашата душа со инспиративен извор и направете нешто ново.

Значи задачата е најдете еден мајстор, фотограф на чија работа се восхитувате, и бесрамно крадете ги неговите идеи, техника и стил. Обидете се да направите вашите фотографии да изгледаат како нивните, но направете го тоа во свој уникатен начин. Продолжете да го правите тоа додека не ви здосади, а потоа најдете други 2-3 мајстори. Направете микс на старите и направете ги современи.


акција


3. Вие не можете да успеете без акција

 
“Акцијата е суштински клуч за успехот на сите"- Пикасо.

Имаме многу големи идеи. Ние ги делиме овие идеи со нашите пријатели, нашите семејства, и со нас самите. Сепак, колку често ние всушност ги ставаме во акција нашите идеи?

Пикасо, рекол: "Акција е суштински клуч за успехот на секој." Тоа има смисла. Ако сте сликар или уметник, не можете да станете "успешни", без создавање на уметност. Слично на тоа, ако сте фотограф, не можете да направите било какви "успешни" фотографии без да кликнете на блендата.

Задача:

Како може да преземите акција во својот фотографски живот?

Ако отпочнувате со бизнис, кој е првиот вистински чекор што можете да го направите?

На пример, дали тоа значи правење на пост за вашите услуги? Или јавување на клиенти? Или присуствување на конвенција?

Не запишувајте листа со вашите фотографски соништа, само ставете ги како листа со ставки за акција.

На пример, глупаво е да имате цел како: добивање на милиони следбеници на социјалните медиуми. Има повеќе смисла да имате вистинска цел како: "Да ја поставам само мојата најдобра работа, еднаш (или секој втор) ден."

Ако сакате да правите подобри слики, задачата може да биде: проучете ги сите фотографии на Хенри Картиер Бресон и неговото портфолио, испечатете ги оние што ви се допаѓаат и обележете ги неговите композиции со црвено пенкало и обидете се да ги ставете под прашање неговите слики.


она што го имате


4. Употребете го она што го имате


"Ако немам црвено, јас користам сино" -Пикасо.


Пикасо бил познат во одење преку одредени фази, кога тој продолжувал да слика само со одредена боја или нијанса. На пример, за време на "Синиот период" (“Período Azul“) Пикасо направил платнени слики со ладно сина/сино-зелена боја. Овие слики со со тенденција да бидат слики за расположението или за меланхоличната страна.

Потоа како контраст на овој период, Пикасо почнал со "Розев период" (1904- 1906 година), во кој тој  користел само портокалова и розова боја, кои беа многу потопли, и живи бои за духот.

Кога го прашале зошто го сторил ова, тој рекол дека тоа биле единствените бои што ги имал.

Она што е одлично за ова е што покажува колку само неколку бои ви се потребни во вашата палета за да направите големи дела. Како фотографи, ние се жалиме дека немаме доволно опрема, леќи, или камери. Ако сакаме да бидеме како Пабло и да бидеме покреативни, тоа значи да се ограничи нашата палета. Земете  ги неколкуте бои кои веќе ги имате и направете го најдоброто од нив.

Задача:


Изберете одредена боја, нијанса или палета и држете се до неа еден месец. За еден месец, само создавајте со црвена или сина боја. Создавајте само кругови или триаголници и држете се само со една камера и едни леќи. Видете како со ограничување на вашите креативни можности, колку креативни можете да бидите.


реалност






5.Насликајте ја својата сопствена реалност


“Светот не дава никаква смисла, па зошто треба сликањето на слики да дава?"- Пикасо

Да се ​​биде уметник значи да се создаде светот што сакате да го видите. Тоа исто така значи да  покажете на другите она што вие го гледате во реалноста.

Пикасо е неразбран затоа што бил само апстрактен уметник. Но, пред да се посвети на неговите епски кубистички слики, тој учел реално сликарство.

Но, она што може да го сакаме кај неговата работа е тоа што тие дела евоцираат емоции, конфузија и хаос на реалноста. Тие не ја покажуваат реалноста, како совршена. Наместо тоа, Пикасо се побунил против гледањето на животот од кутија во кои други уметници биле заглавени и направил своја верзија на реалноста.

Задача:

Фотографирајте ја својата реалност. Наместо да ги правите вашите фотографии со фокус, остри, и "реални", обидете се да ги направете колку што е можно "нереални“. Направете ги вашите слики матни, надвор од фокусот, и дрски. Зголемете го контрастот, боите и сатурацијата. Обидете се да создадете слики кои покажуваат како се чувствувате, а не како местото на настанот изгледа во "вистинскиот“ живот.


непотребно


6. Елеминирајте го непотребното


Колку повеќе ги проучувате уметниците, толку повеќе би сфатиле како уметноста повеќе е одземање и елиминирање на непотребното и излишното, наместо додавање.

Еден добар пример на методот на работата на Пикасо беше да се видат неговите учења за "деконструкција на бик." Гледате како тој започнал со реалната форма на бик и како продолжил да одзема, додека тој останал со она што тој го сметал за "суштината" на бикот.

Големите уметници го прават тоа. Кога станува збор за дизајнирање на филозофијата на Стив Џобс, тој секогаш бил опседнат со елиминирање на непотребното: елиминирање на копчиња, збунувачки дополнувања во корисничкиот интерфејс и комплексноста.

Зен и таоистичките мајстори го рекле истото: да се стане мајстор е да се елиминираат излишните работи секој ден, наместо да додавате една работа на ден.

Задача:

Најдете сцена која ви се чини интересна, која сакате да ја фотографирате. Погледнете како може да ја деконструирате сцената предмет по предмет. Сечете далеку од рамката, се додека не го оставите она што го сметате за "суштинско" во рамката. Кратете ги сите непотребни “маснотии“ од рабовите на рамката, а потоа оставете го само “месото“.


повторување


7. Не се повторувајте


“Да ги копирате другите е потребно, но да се копирате себеси е патетично"- Пикасо.


Ако сакате да останете свеж како уметник, вие треба да избегнувате копирање на себеси одново и одново. Тоа е она што доведува до стагнација.

Ако сте бодибилдер, а сакате да го зголемите интензитетот на вежби, вие треба да ги зголемите повторувањата или да ја зголемите тежината. Но ако сте уметник, мора да сакате да додадете предизвик на вашиот работен процес, за да создадете нови дела кои се барем малку поразлични од работата што сте ја направиле претходно.

Пикасо поминал низ многу различни еволуции во својот уметнички живот. Секогаш кога се чувствувал како безгрижен, тој целосно го префрлал неговиот стил. Тој ја држеше својата публика во неизвеснот, таа никогаш не знаеше што ќе биде неговата следна слика или парче.

Тој експериментирал со тони различни форми во текот на неговата кариера. Иако тој е познат по сликарството, тој исто така експериментирал со поезија, фотографија, скулптура, и други форми на уметност. Пикасо ги поместувал неговите граници, за да се изрази во многу различни креативни начини.

Пикасо продолжува преку споделување на опасноста од "успех" во уметноста. Откако ние чувствуваме дека сме "успешни" ние престануваме со иновациите:

"Успехот е опасен. Еден штом започне да се копира себеси, а да се копирате себеси е поопасно отколку да ги копирате другите. Тоа доведува до стерилитет"- Пикасо

Задача:

Заборавете на вашата стара работа. Избришете ги вашите стари фотографии и исклучите ги вашите социјални медиумски мрежи.

Преправајте се дека денес сте започнале со фотографирањето повторно од нула. Кои стари методи од сликањето треба да престанете да ги правите? Како ќе пријдете на создавање на фотографии од поинаква перспектива или поинаков агол?

Дали тоа значи да фотографирате различни предмети? Дали тоа значи за вас да доловите различни емоции и гестикулации во вашите слики? Што и да значи тоа за вас, никогаш не запирајте со иновациите.


продавање





8. Продавајте се себеси, не вашата уметност


"Уметникот е човек кој слика она што може да го продаде. Добар уметник е човек кој го продава она што го слика"- Пикасо

Друг голем проблем што уметниците го прават е тоа што тие се обидуваат да создадат уметност, која ќе ја задоволи публиката, така што тие може да ја продадат својата уметност.

Пикасо ни го кажува спротивното: “Големиот уметник е оној кој се продава себеси, а не она што го слика“.

Како луѓе, ние сакаме да бидеме сакани, ценети и поддржани од страна на другите. Како фотографи, ние сакаме да направиме фотографии, на кои другите би им се восхитувале.

Но, разликата меѓу тоа да се биде просечен и голем е во ова: големите уметници се држат до својата единствена визија. Тие не прават компромис. Тие одат против правилата и создаваат нешта, нивната работа не може да биде прифатена од многу, но тие наоѓаат мала група на луѓе, кои интензивно ја сакаат нивната работа. И тоа е она што ги прави успешни, тие  остануваат верни на себе.

Задача:

Престанете да ставате фотографии на социјалните мрежи една недела или еден месец. Направете фотографии кои сметате дека се навистина креативни, иновативни и уникатни. Не ги прашувајте другите за нивното мислење за вашата работа. Следете го своето срце.

Потоа направете една серија на фотографии, испечатете ги и видете дали може да ги продавате на луѓе кои ги знаете, или на интернет. Не го мерете вашиот успех од тоа колку многу може да продадете, но искористете ја оваа задача да стекнете доверба во работата што ја создавате.


одложување


9. Не го одложувајте она што е важно


Пикасо беше еден од најпродуктивните уметници во историјата. Како тој го направил тоа? Едноставно: тој ги одолговлекувал неважните работи, и се фокусирал немилосрдно на она што е важно за него (неговата уметност).

Иако Пикасо бил познат по тоа што сакал забави и социјален живот, кога беше негово време тој се фаќаше за сликарство и работа и се затвораше себеси надвор од светот. Тој знаеше да создаде големи ремек-дела, а за тоа му била потребна тишина да размислува, да медитира и да ја создаде својата работа.

Задача:

Напишете листа на работи за кои би се чувствувале добро, доколку тие би биле оставени незавршени ако умрете. Потоа запишете листа на работи за кои би се чувствувале фрустрирани ако би ги оставиле незавршени и би умреле. Фокусирајте се на она што е најважно за вас, и одложете го сето останато.


дар


10. Оддалечување од вашиот талент


Смислата на животот е да го најдете вашиот дар. Целта на животот е да го подарите"- Пикасо

Сите ние имаме дар, со кој можеме да им помогнеме на другите. Имаме дар да даваме на другите, дар кој може да ги поттикне другите да станат најдобра верзија од себе.

Вашиот дар може да биде вашата способност да направите убави слики, да ги движите зборовите, да покажувате љубов и сочувство, или да бидите добар пријател или член на семејството.

Без оглед кој е вашиот дар, поминете го целиот свој живот да го давате на другите. Тоа е кога ќе почувствувате голема благодарност, сила и среќа во животот.

Што ако не знаете кој е вашиот животен дар? Тоа е во ред, поголемиот дел од животот, ние сите се обидуваме да дознаеме што е нашиот дар. Многу од луѓето не ги наоѓаат нивните дарови до длабока возраст и тогаш кога еднаш ќе ја откријат, тие го поминуваат целиот свој живот оставајќи го својот дар далеку.

Постојат многу музичари, уметници и режисери кои започнале со работа во длабока старост. И тоа беше вистинското време за нив, тие имаа доволно животно искуство, ресурси и финансиски средства за да се “качат“ на креативна работа за која беа преодредени.

Задача:

Запишете листа на таленти, страсти и вредностите што ги имате во животот. Мислете на тоа како да создавате најмногу вредност за другите. Мислете на тоа како може да помогнете дури и на повеќе луѓе. Кои одвлекувања треба да ги прекинете од вашиот живот, за да имате повеќе време, енергија, и да се фокусирате на вашиот животен дар?

Заклучок

Пикасо беше редок човек кој живеел според сопствените стандарди и беше креативен се до смртта. Тој не оставил ништо недовршено. Тој се протегал и одел подалеку од своите уметнички граници, и беше продуктивен. Тој играл како дете, експериментирал и секогаш ги ставал во прашање авторитетот и "правилата".

Сите ние можеме да живееме креативен живот како Пикасо. Тоа само значи повторно поврзување со нашето внатрешно-дете, и гледање на нашето творештво како на игра. Тоа не значи загрозување на нашите уметнички стандарди и правење на најдобри ликовни дела без оглед на нашата ситуација во животот.

Значи повторно да се открие внатрешното дете во нас и да се забавуваме.

Пишува фотографот и блогерот Ерик Ким
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура