X
 15.10.2016 Култура

Еден куп причини зошто Боб Дилан е најважната фигура во историјата на поп-културата



Боб Дилан во младоста


Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература заради „создавањето нов поетски израз во рамки на богатата американска музичка традиција“

Музичарот, поетот и писателот Дилан годинава наполни 75 години, а во 2011 година, како подарок за неговиот јубилеен седумдесетти, Индипендент состави листа од 70 причини зошто Боб Дилан е најважната фигура во историјата на поп-културата.

Овој пат ќе издвоиме неколку од нив, за да го прославиме престижното признание што го доби распеаниот поет.


1.    Бидејќи ја напиша песната Blowin’ in the wind;



2.    Бидејќи ги зарази тинејџерите со Поезија (со големо „П“ од идеолошки причини). Им отвори пат до симболистичкиот свет на Рембо, Верлен и Бодлер и до оној на битниците: Гинзберг, Корсо и Ферлингети;

3.    Поради тоа што за време на легендарниот говор Сонувам на Мартин Лутер Кинг, не само што присуствуваше на настанот, туку се наоѓаше на неколку чекори од д-р Кинг, качен на бината, каде ги изведуваше песните Blowin’ in the wind и Only a pawn in their game;

4.    Бидејќи го измисли фолк-рокот;

5.    Бидејќи е член на Songwriters Hall of fame, Rock and Roll Hall of fame и Nashville Hall of fame;

6.    Бидејќи ги користи најдобрите псевдоними после W.C. Fields. Себеси се нарекувал Robert Milkwood Thomas (ви текнува?), Tedham Porterhouse и Blind Boy Grunt.

7.    Бидејќи во 1959 година, во алманахот од средно пројави амбиција да му биде следбеник на Little Richard;

8.    Бидејќи ја спаси фолк музиката од „канџите“ на брадестите момци со плетени џемпери кои си фантазираа да станат морнари или војници. За волја на вистината, пред да се појави Дилан, постоеле музички текстови со тематски елементи од фолкот, за илустрација – текстописците Woody Guthrie и Pete Seeger;

9.    Заради тоа што е уникатен микс од приземност и комичност. Дури и во сериозните албуми каде се сместени песните од типот на Masters of war и A hard rain’s a gonna fall, наоѓа место да протне по некој надреален, дрндлест џокејски блуз, или два;

10.    Бидејќи ја напиша It ain’t me, babe, првата анти-љубовна песна во светот;

11.    Бидејќи тазе бендот The Hawks го претвори во The Band, најдобриот рок бенд на сите времиња и несомнено – го посади семето на сите наредни преродбенски „Американа“ поп и рок движења;

12.    Додека другите учесници на Live aid (хуманитарен концерт во 1985 година) си ги „лицкаа“ егата во врска со помошта што ја дале за прегладнетите Африканци, Боб се осмели да ги доближи нештата до „својот двор“, сугерирајќи со дел од парите да се платат хипотеките на американските фармери, поради што не се конкурентни во бизнисот. Тоа го инспирираше Willie Nelson да иницира слична акција под наслов Farm aid;

13.    Бидејќи ја напиша Mr. Tambourine man;



14.    Бидејќи непријатните текстови ги направи прифатливи за публиката;

15.    Бидејќи го измисли кантри-рокот. Пред Nashville Skyline, кантрито се сметаше конзервативен стил во рок круговите.

Останатите причини зошто Боб Дилан е неповторлив во секој поглед, можете изворно да ги прочитате на следниов линк.        
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура