X
 16.10.2016 Живот

„Детска критична маса“: Подобро никогаш да не ги измислеа автомобилите!

Свесноста за чистиот воздух и здравата околина се гради од мали нозе. А токму поради децата се бориме, зборуваме, дискутираме и по нешто правиме за подобар воздух. По трет пат викендов во Скопје во Градскиот парк се одржа настанот „Детска критична маса“, во организација на здружението „Колектив Ветерница“ и „На точак“.




Најмногу дечиња досега се приклучија во „Детската критична маса“ за да научат по нешто ново за возењето велосипед, но и да го кренат гласот против автомобилите што нѐ загадуваат. Во придружба на своите велосипеди и тротинети, научија како да се снаоѓаат во ситации на неволја на нивниот велосипед, научија сами да си ја проверуваат исправноста на велосипедот, си ги повторија или научија сообраќајните знаци што се однесуваат на возењето велосипед. Поднаучија и за историјата на велосипедите. Заштитен знак на турата беа ветерниците од хартија што сами си ги правеа децата во различни бои. 



Подобро никогаш да не ги измислеа автомобилите, што нѐ загадуваат – беше најгласната порака што девојче ја упати.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот