X
 16.10.2016 Живот

Нешта за кои никому не должите објаснувања

Семејството, пријателите, па и потполни странци неретко ги диктираат животните избори поради фактот дека нивното мислење е важно, речиси од суштинско значење за одлуките што се носат.

дрво и кафез


Луѓето знаат да одат до таму да бараат од пријателите или членовите на семејството да ги објаснуваат своите постапки и одлуки. Личноста не е должна да дава објаснувања и извинувања за сопствениот живот сé додека носи одговорност за тие нешта. Еве 15 работи за кои не треба да се оправдувате пред другите, иако можеби сметате дека така треба:

Каде и со кого живеете: пред никого не сте должни да објаснувате зошто живеете со родителите или со поранешното момче или девојка. Ако сте свесни за сопствената ситуација и зошто е таква каква што е, деталите нема зошто да ги изнесувате пред другите.

Кои Ви се животните приоритети: со оглед на тоа дека сите се различни индивидуи со различни вредности, соништа и аспирации, Вашите главни приоритети се Ваша работа и нормално е да се различни од оние на другите луѓе.

Ако за нешто не Ви е жал: ако не жалите за своите постапки или ако не сте имале можност да ја кажете својата страна на приказната, не сте должни да се извинувате пред другите. Извинувањата што не ги чувствувате се бесполезни.

Ако ја сакате самотијата: можеби сте загрижени дека ако не се социјализирате доволно ќе Ве нарекуваат чудак. Но, ако имате потреба да се регенерирате во самотија, за тоа не должите објаснувања и нормално е да имате таква потреба. Треба да имате време само за Вас.

Ако не се согласувате со нечии уверувања: само затоа што некој поагресивно ги изнесува своите убедувања, не треба да кимате со главата ако не сте согласни. Некоректно е да глумите дека се согласувате  ако реалноста е поинаква - и кон Вас и кон другиот.

Да кажувате „да“:
најуспешни се оние луѓе што ја научиле уметноста на зборот „не“ кога нешто не им е приоритет. Бидете пристојни, но нема потреба да се плашите да го одбиете она што ве одвлекува од Вашите цели.

Вашиот физички изглед: надворешниот изглед е лична работа, но тој и не треба да ја одредува вредноста на личноста.

Што сакате да јадете:
ако не сакате да јадете одредена храна поради одредена причина, вкус, здравствен проблем и слично, нема потреба да објаснувате зошто.

Својот интимен живот: интимниот живот со личност што исто така е свесна и возрасна не е работа на никој друг освен на двајцата директни учесници.

Изборот на кариера: без разлика за што ќе се одлучите, важно е да сте сигурни во она што сте го избрале.

Верските и политичките избори:
многумина може да не се согласуваат со Вас и да пробаат да Ви ги наметнат нивните убедувања, но верските и политичките избори се приватна работа.

Ако сте без партнер: да се биде без партнер не значи дека не е во ред нешто со Вас, туку дека сте направиле таков избор.

Ако одбивате излегување со други кога Ве поканиле: иако сакате да бидете пристојни, запаметете дека додека сте излезени ќе треба да учествувате и Вие во настанот и да бидете дел од друштвото. Ако не сакате, слободно кажете „не“.

Изборот за брак: ако сакате брак и деца треба да ги следите Вашите желби и приоритети. Вашите избори се Вашиот живот и туѓите коментари не се ни малку важни.

Изборот на љубовни партнери:
луѓето многу често си дозволуваат да ги коментираат љубовните партнери на блиските. Љубовните врски се дел од интимата на личноста и лична одговорност. Затворете ги ушите за туѓите сугестии затоа што тоа се приказни што Ви припаѓаат Вам и на Вашиот партнер.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот