X
 17.10.2016 Технологија

Како може да проверите дали вестите што сте ги читале се вистинити?

Интернет корисниците имаат пристап до огромен број содржини. Но, не е исклучена можноста многу информации што се читаат да не се веродостојни и точни. За таа цел, Google има нова опција што ќе им се допадне на читателите.

гуглање


Преку ClaimReview текстовите ќе бидат поврзани со статии за проверка на факти и интернет страници. Поврзаните статии ќе се појавуваат на екранот под главниот наслов како линк од анализи на фактите. Читателите уште веднаш ќе можат да знаат дали изнесените податоци во текстот што го читаат се лажни или не.

Опцијата најпрвин ќе биде достапна во Велика Британија и САД преку Google News и News & Weather.

Проверката на факти на интернет не е нешто ново. International Fact-Checking Network, Politifact и FullFact се организации што анализираат изјави на политичари и други славни личности за да им ја проверат вистинитоста.

Од актуелните случувања, во 71% од изјавите на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, Politifact потврдил дека изјавите му се лажни. Неодамна тој ги советувал своите поддржувачи да излезат да гласаат на 28 ноември, а изборите всушност се закажани за 8 ноември. Веројатно вжештената политичка атмосфера во САД придонесува да не се внимава многу на вистинитоста на фактите и изнесените информации.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија