X
 17.10.2016 Настани

Сакате да бидете дел од публиката за „Get in the ring“ натпреварот? Апликациите се отворени!

Со огромно задоволство ви најавуваме дека апликациските форми за “Get in the ring” натпреварот се официјално отворени!



Натпреварот ќе се одржи на 19ти октомври како дел од настанот “TehnoInvent” на Скопскиот саем. Овој натпревар е во коорганизација со “Macedonia2025” и “NCDIEL” и истиот ќе се состои од два дела односно натпревар за средношколци и за стартапи. За време на настанот ќе се одржат и мотивациски говори од страна на многу успешни претприемачи од Македонија и светот.

Покрај можноста да ја пријавите вашата стартап компанија, постои и опцијата да се регистрирате како публика за натпреварот. Учеството е бесплатно но бројот на места е ограничен така што ве охрабруваме да си обезбедите седиште! Публиката се очекува да биде составена од млади професионалци кои се на почетокот на своите кариери или пак студенти кои се желни да станат претприемачи.

За да аплицирате за присутство на овој настан, можете да го направите тоа на следниот линк https://goo.gl/forms/nRiUiHlnn4eW8qNq1

Откако ќе ја пополните апликацијата, ќе ви испратиме потврда преку мејл

Ве очекуваме, “Let’s get ready to rumble!”

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани