X
 18.10.2016 Култура

Леонард Коен: Доделувањето на Нобеловата награда на Боб Дилан е како "ставање медал на Еверест"

На настанот во Лос Анџелес кога го објави својот албум, 82-годишни-от текстописец се премисли за изјавата што ја даде дека е подготвен да умре. Така сега тој тврди дека сака да живее вечно.


Леонард Коен


Во четвртокот на Боб Дилан му беше доделена Нобеловата награда за литература, што предизвика контроверзии меѓу музичарите, писателите и обожавателите. Таа вечер во Лос Анџелес, неговиот колега и пријател, Леонард Коен даде свое размислување за одлуката да му се додели оваа награда токму на Дилан.

"За мене, доделувањето на награда на Боб Дилан е како да му се стави медал на највисоката точка на Монт Еверест“- рече тој.

Коен пееше на плејбек и одговараше на прашањата за претстојниот албум, „You Want It Darker“. Во неодамнешното интервју за „New Yorker“, на изненадување на обожавателите, 82-годишниот Коен изјавил: „Подготвен сум да умрам." Сепак, во четвртокот вечерта се чини, дека тој го преиспитал својот став.

"Мислам дека претерав. Јас секогаш сум драматизирал. Имам намера да живеам вечно. На крајот на настанот, Коен ги открил неговите планови за објавување на нови изданија на албумот. „Се надевам дека ќе имаме прилика да го направиме тоа повторно. Јас имам намера да останам жив до 120 години“- ѝ изјавил Коен на публиката, соопштил Billboard.

Коен се вратил на темата на Дилан, кога зборувал за начинот на кој тој пишувал песни. "Мислам дека Боб Дилан го знае ова, повеќе од сите нас: Вие не пишувате песни како било. Па ако сте среќни ќе продолжите здрави и одржливи со текот на годините. Ако сте среќни вашите намери ќе имаат многу малку со ова.  Можете да го задржите телото во добра состојба, но дали сте навистина во можност да одите по долги дестинации, навистина не е ваш избор".

Коен за себе вели дека неговите песни доаѓаат бавно. „Некои луѓе се движат брзо низ животот, додека други бавно и грациозно. Јас сум од тие луѓе. Фактот што за моите песни ми е потребно подолго време да ги напишам, не е гаранција дека ќе бидат совршени“- изјавил Коен.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура