X
 19.10.2016 Живот

Како да ја преживеете можната Трета светска војна? Најбезбедните места во светот

Турција предупредува дека конфликтот во Сирија е жариштето кое може да разгори почеток на Трета светска војна, додека светските сили се спротивставуваат меѓу себе.


Многумина предвидуваа нуклеарна војна уште од 1945 година со нуклеарната бомба во Хирошима. Од тогаш, Велика Британија, Франција, Кина, Индиа, Пакистан, Израел и Северна Кореја се нуклеарни земји.

 

 

 


Според Федерацијата на американски научници, има 15.350 нуклеарни боеви глави во светот во 2016-та година, а повеќе од 90 проценти припаѓаат на Русија и САД.


Ако светот навлезе во светска војна, постојат неколку стратегии кои ќе ја зголемат шансата за преживување.

 


Останете на југот

Бидејќи сите светски нуклеарни сили се во северната хемисфера, најдобра опција е да си престојувате на јужната страна на екваторот.

 

 

 


Земјите како Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и Аргентина располагаат со доволно простор за одгледување храна и не се во центарот на лошите случувања.


Според постапокалиптичната фикција „On The Beach“ од Невил Шут, Мелбурн е одлична опција. Во книгата стои дека доколку се случи нуклеарна војна, тогаш Мелбурн е последното место до кое што радијацијата би достигнала.

Ако војаната се распространи, тогаш потребно е да се упатите на југот до Антартика. Ќе биде малку студено, но со адекватно засолниште и намирници, таму може да се преживее неколку месеци.

 


Преживување на експлозиите


Во владин американски извештај од 2010-та година се тврди дека сите оние кои се во блиската околина на експлозијата немаат никаква шанса за преживување. Ако сте неколку километри оддалечени, ќе видите светол блесок во далечината и ударниот бранот ќе ве погоди за само неколку секунди. Чувајте ја устата отворена за ушните тапанчиња да не ви испукаат и започнете да трчате. Имате околу 10 до 15 минути за да ја избегнете радијацијата. Ако знаете каде има подземно засолниште, веднаш упатете се во таа насока.

 


Избегнување на последиците

Хилари Клинтон во Секретаријатот на САД во 2010-та изјави : „Имаме повеќе од доволно нуклеарни оружја за да го уништиме светот повеќе пати“.

Но, никој не знае дали се мисли на збришување на животот на Змејата или комплетно уништување на светот. Некои научници предупредуваат дека големите количини на чад од повторуваните атомски детонации, можат да го блокираат Сонцето, предизвикувајќи „нуклеарна зима“, која би можела да се преживее само доколку се наоѓате под земја.

Голем број на милионери веќе градат
подземни засолништа, како Atlas Missile Silo во Канзас, каде што можат да се сместат 70 луѓе кои ќе живеат таму во времетраење од пет години, а ќе бидат обезбедени со зеленчукова градина, водени цистерни, генератори и турбина за ветер.

 

 

 


Апокалипса


Третата светска војна можеби е неизбежна, но нуклеарната апокалипса е крајно неверојатна, со оглед на фактот дека никој не сака да биде одговорен за првиот удар. Додека потребно е да ги избегнувате земјите кои се под оваа закана, можете да преживувате во Исланд, јадејќи риба под северните светла, да ја искористите неутралноста на Швајцарија и да живеете на нејзините планини, да ловите животни во оддалечените делови на Канада, или пак да изградите себеодржлива фарма. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот