X
 19.10.2016 Образование

Премногу внимание се посветува на учениците кои отскокнуваат и на непослушните... Што правиме со просечните ученици?

На училиште, многу внимание се посветува на учениците кои отскокнуваат – талентираните, брилијантните умови и непослушните – како и на оние кои учат за сите тестови и испити.


Учениците кои не спортуваат или не се популарни, чие однесување не е вознемирувачко и кои не решаваат важни тестови, се на некој начин
запоставени.

 

 


Ова особено се однесува на средната класа на ученици во осмата или деветтата година од образовниот процес, кои не прават проблеми и не добиваат пофалби. Толку многу труд и напор се вложува од страна на средните училишта во водењето на децата низ формалните тестови, што овие млади лица многу лесно можат да бидат занемарени.

Што значи, децата кои не се соодветно стимулирани, започнуваат да „лебдат“ и едноставно се препуштаат на околностите. Со тек на време се трансформираат во таканаречени „зомби“ студенти.  

Овие ученици всушност и не се силно амбициозни академски фигури, но не се ниту природно доволно борбени или бунтовни. Способни се за справување со академските задачи, но им недостига стимулација. И токму заради тоа што ги немаат горенаведените особини, најчесто се занемарени.  

Тешко е и за родителите да ги препознаат ваквите тинејџери и спротивно на она што повеќемината го мислат, ова не се однесува само на момчињата.

Тие се
паметни, но исклучени и одбиваат да преземат и минимален напор. Едноставно се однесуваат во согласност со она што од нив го бараат професорите, но сепак позади себе кријат несогласување со она што им се зборува или бара.

За разлика од другите тинејџери-бунтовници, имаат добри манири. Пристојни се и не се заинтересирани за предизвикување на хаос. Вршат работа онолку колку се бара и не се трудат да го свртат вниманието кон себе. Тоа е всушност најголемиот проблем. Лесно е за училиштата едноставно да ги занемаруваат.

Често се случува материјалот кој се изучува на училиште за овие деца да не биде интересен, односно не е доволно предизвикувачки. Што е она што може да се стори? Како училиштата да ги идентификуваат ваквите деца и да не ги занемаруваат? Одговорот е : вклучување на младите ученици уште од самиот почеток и одржување на нивниот ентузијазам. Училиштата да нудат креативна, стимулирачка материја уште од самиот почеток на образованието, а концентрирањето на добрите резутати на тестовите, да го остават за подоцнежните години од образовниот процес. Се разбира и да не обрнуваат повеќе внимание на бунтовните тинејџери, или оние кои покажуваат таленти над просекот. Сите ученици треба да бидат стимулирани подеднакво.

За ова да се случи, потребно е ангажирање на квалитетни наставници уште во раните години од образовниот процес. Но, со оглед на притисоците кои се поставуваат за постигнување на добри резултати на тестовите, особено од родителите, овие мерки се полесни за да се дискутира за нив, отколку реално да се спроведат. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование