X
 19.10.2016 Живот

Зошто ставот на телото со кое се искажува моќ не треба да се применува на работните состаноци?

Ставот на телото со кое сакате да искажите моќ, може да ви помогне да ја зголемите самодовербата на работното место, но постојат места, каде што овие положби на телото може да предизвикаат повеќе штета.  

Моќните позиции, како што е на пример поставување на рацете на колковите и нозете, освен за да искажат самодоверба, се сметаат дека влијаат на нивото на тестостерон и кортизол во мозокот и за возврат придонесува за зајакнување на ефикасноста на една личност.


став на моќ


Но психологот на Харвард, доктор Ејми Кади вели дека постои едно место, каде што луѓето не треба да се одлучуваат за моќните пози, а тоа е за време на состаноци. Овие пози може да направат другите да го пренасочат погледот настрана од лицето кое ги прави овие пози, што укажува дека лицето што е набљудувач се чувствува заплашено од отвореното искажување на доминација направена од ставот на телото.

За да го докаже ова, доктор Кади и нејзините колеги спровеле неколку експерименти во кои тие побарале од учесниците да погледнат серија на фотографии на мажи и жени кои испраќале порака на доминантно и моќно држење на телото и фотографии во кои биле прикажани покорни и позиции на немоќност.

Говорејќи за студијата во својата книга, „Presence“, Кади изјавила дека нејзиниот тим ги снимала погледите на учесниците со користење на метод на следење на окото. Кога едно лице седело и гледало на сликите на компјутерскиот екран, тимот беше во можност да ги снима движењата на очите, набљудувајќи каде нивниот поглед се задржал и колку долго.


Ејми Кади


Докторката изјавила дека разликата во реакциите на луѓето за сликите со став на доминација и потчинување биле "остри".

Кога учесниците гледале во сликите на луѓе со доминантни пози на телото, како што било лицето стои со рацете на колковите, а нозете се одвоени тие "брзо ги тргале нивните погледи од сликата, гледајќи надолу на нозете и стапалата, или во друг дел од сликата избегнувајќи го погледот од лицето на личноста од сликата"- пишува таа.

Но, кога учесниците ги гледале сликите на луѓе со став на телото што искажува покорност, како на пример некој седнува со собрани рамена нанапред и склопени раце, учесниците го задржале погледот на лицата на луѓето од сликите.

Кади додала дека е вообичаено е несвесно да се имитира говорот на телото на друго лице, како што „ја прави интеракцијата поглатка“. Но, понекогаш, кога постои нерамнотежа во моќта помеѓу две лица, едно лице ќе се надоврзе на говорот на телото на другото лице.

"Лицето со поголемо искажување на моќ веројатно е да користи претерано моќно држење на телото, што доведува „послабото“ лице да користи претерано немоќен став на држење на телото"-објаснува таа.


SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот