X
 20.10.2016 Живот

Исповед на еден човек кој ги изгубил децата на прилично суров начин

Марвин Роуч раскажува за „Vice“ за двегодишната потрага по своите деца

Во февруари 2015 година, три ученички од Источен Лондон избегале во Сирија, само три месеци пред тоа, во ноември 2014 година, Кадрија и Мухамед Роуч исчезнале во Сирија.


Марвин Роуч

Иако, според официјалните податоци на Владата во Тринидад и Тобаго, 120 од нејзините граѓани живеат под калифат, но оваа бројка е очигледно, многу повисока, околу 400. Тоа е многу мал број отколку, на пример, во Франција, каде има 1800 граѓани под калифат, но ако се земе во предвид дека Тринидад и Тобаго е држава со 1,3 милиони жители, од кои 104.000 се муслимани се доаѓа до сознание дека ова земја се наоѓа на врвот на листата на западните земји по стапка на радикализација.

"Ова е навистина нераскажана приказна за војната во Сирија и причината зошто дојдов во Тринидад во февруари и јуни оваа година", пишува новинарот  на „Vice“ Симон Коти.


Поранешната сопруга ги киднапирала нивните деца

Тоа е неверојатно колку многу животи погоди војната во Сирија, а уште повеќе, колкав е опсегот на смртоносната прегратка на оваа војна. Во ноември 2014 година, војната  ги опфати животите на Марвин Роуч од Тринидад и неговите две деца, 15-годишната Кадрија и 11-годишниот  Мухамед.


Кадрија и Мухамед

Во текот на 2011 година, Роуч се развел од сопругата и добил целосно старателство над нивните две деца. Според договорот, децата останале кај мајката за време на еден викенд. Кога дошла по децата на 21 ноември, му рекла на Роуч дека оди на краток одмор во Тобаго. Таа лажела. Наместо тоа, таа заминала во Гвајана, а потоа во Сирија за да се приклучи на нејзиниот нов сопруг, кој неколку недели претходно си заминал од Тринидад.

„На денот кога се вратив во Англија од мојата втора посета во Тринидад, Роуч ми испрати фотографија од неговите две деца, како седат на задното седиште од неговиот автомобил“- раскажува новинарот.  

Како да се опише еден човек кој ги изгубил своите деца

Марк Басант, истражувачки ТВ новинар од Тринидад, ги споил новинарот Коти и таткото на исчезнатите деца Роуч. Тој се согласил да зборува за својата поранешна сопруга и како таа ги киднапирала нивните две деца. Тие се сретнале во јуни во близина на продавницата која продава мобилни телефони, каде што Роуч работи. „Тоа беше јуни, сé уште траеше Рамазан и беше пеколно жешко. Опуштено го прашав дали сака нешто да пие. Пристојно ме одби, затоа што постеше“- пишува Коти.

Роуч како и повеќето црно-африкански муслимани се преобратил кога имал 19 години. Пред тоа тој бил христијанин. „Причината поради која му понудив пијалок е  поради што неговите очи беа темно црвени и влажни, кога му пријдов, а не знаев што друго да му кажам", вели новинарот.

Тој додава: „На Универзитетот во Кент, каде што предавам криминологија, секогаш им укажувам на моите студенти да се обидат да развијат однос со испитаниците пред да почнат со поставување на прашања. Но, како да се направи тоа со човек кој ги изгубил неговите две деца, во воена зона каде владее група која ги силува девојките и момчињата ги претвора во човечки бомби".

Мајката на децата се премажила со поранешен затвореник

Разговорот почна со прашања за поранешната сопруга, со која Роуч поминал во брак нешто повеќе од 10 години. „Тоа беше сигурно тло, бидејќи не стануваше збор за Кадир и Мухамед и поради што Роуч за тоа прашање имаше поразлични емоции." Триша Рамирез, неговата поранешна сопруга, според кажувањата на Роуч е „многу тврдоглава и арогантна личност“.

Таа станала муслиманка кога имала 13 години. Иако се облекувала во согласност со верата, не била религиозна за разлика од Роуч. Тој ја нарече неа несигурна и хаотична мајка, често ќе се појавела на училиште и ги земала децата на средина на наставата. Сега се премажила за Шон Бартоломеа, поранешен затвореник, склон кон насилство.

Роуч се потсети на доста непријатни епизоди, кога тој го добил старателството над децата. Шон влегол во неговиот дуќан и го нападнал со метална шипка. Тој подоцна бил уапсен и обвинет, но случајот бил отфрлен од страна на судот поради процедурални грешки. И тогаш тој почнал да зборува и за тој кобен ден, кога тој за последен пат ги видел неговите деца. Неговата поранешна сопруга дошла по нив и рекла дека ќе ги врати на училиште, во понеделникот.

Но, во понеделникот, од децата немало ни трага. Некаде за време за ручек добил порака од поранешната сопруга која му напишала дека се задржале во Тобаго и дека ќе се вратат во четврток. Тој веднаш почувствувал дека нешто не е во ред.

И беше во право. Во четвртокот, децата повторно не се појавија, а овој пат неговата поранешна сопруга не одговарала на неговите повици и пораки. Тој веднаш ја контактирал полицијата и надлежните служби.


Бартоломеј и Рамирез

Полицијата не направила многу

Се покажа дека госпоѓа Рамирез, еден ден пред да ги врати децата, зела лет за Гвајана, Сирија. Децата ги немале потребните пасоши, но Роуч вели дека најверојатно планирале киднапирање, па извршиле поткуп на службените лица кои издавале пасоши за деца. Според приказната на Роуч, кога пристигнала полицијата на адресата на неговата поранешна сопруга го конфискувале мобилниот телефон на еден од постарите синови, кој таа го имала од претходната врска, но не откриле ништо.

Полицијата ги испитала нејзините двајца постари синови, прашувајќи каде е нивната мајка, но не добиле никакви информации. Тие го посетија Роуч за да земат изјава од него.

„И тоа беше се. Подоцна не добив никакви информации, ништо. Јас искрено не знам што тие работат, какви информациите имаат, дали нешто ново откриле“- вели Роуч.

Поради тоа со спроведување на сопствена истрага се обидел да дознае што навистина се случило. Приказната за тоа како новиот сопруг на неговата поранешна сопруга Бартоломеј зел лет од Тринидад за Суринам на 8 октомври 2014. Потоа продолжил во Сирија, каде што тој се приклучил во ИСИС.

Овие информации се потврдени од документите што протекоа од полицијата, а објавено било и во Гардијан во Тринидад април оваа година. Роуч  на  „Facebook“ видел фотографија на неговата сопруга и Бартоломеј во Сирија. Преку социјалните мрежи Роуч дознал дека тој починал, што подоцна било официјално потврдено.


Му помагал на партнерот на неговата поранешна сопруга


Бартоломеј и Роуч добро се познавале, тие биле пријатели. Роуч раскажал како Бартоломеј како дете се преселил во САД, но властите го вратиле кога имал 40 години, поради проблеми со дрога. Тој се сеќава дека се запознале преку заеднички пријател.

„Тој ми кажа дека е осамен и така станавме пријатели. Јас му ја најдов првата работа. Се сеќавам дека дури и му дадов облека"- изјавил Роуч.

Преку Роуч тој ја запознал Рамирез. „Не сакав да го форсирам со тоа дали неговата сопруга го оставила поради Бартоломеј, но јасно ми даде до знаење дека не може да се прекинува со една личност и да се оди со друга, како што тоа таа го направила"- објаснува новинарот.

Роуч е недвосмислен и во однос на ИСИС. „Глупави луѓе се приклучуваат на ИСИС. Повеќето луѓе кои ИСИС ги убива се муслимани.  Не можам да разберам да ја оставиш Тринидад, прекрасна земја, каде што постојано има сонце, со прекрасни плажи, кокосова вода, каде добро се живее, никој не ни пречи за практикување на верата. Имаш слобода ... И се откажуваш од се и одиш на она што тие го нарекуваат света војна, каде сите луѓе кои ги убиваат се муслимани“- раскажува Роуч.

Постојано мисли на своите деца

Многу луѓе од Тринидад кои одат во Сирија се всушност членови на некои банди и си одат поради нерешени сметки објаснил Роуч.

„Некои лично ги познавал. Многумина едноставно одеднаш исчезнаа, не ги гледаш а потоа за неколку недели ги гледате на вестите и слушате дека се придружиле на ИСИС“.

„Тие само купуваат билет и заминуваат подалеку од Тринидад.  Никој не ги застанува“. Роуч вели дека тој не отишол во Турција и Сирија да се обиде да ги најди своите деца. Тој смета дека тоа не е добра идеја, но и нема пари за патувањето. Сепак, не поминува ниту еден ден да не размислува за Кадрија и Мухамед. Ги гледа нив во своите соништа и им го слуша нивниот глас.

Од 102 граѓани на Тринидад според официјалните бројки во Сирија, 40 се деца. Најмладиот има две години. Во Тринидад, властите се фокусираат како да ги заштитат бегалците од Сирија. Но, никој не зборува за враќање на исчезнатите деца.

Следниот месец ќе бидат точно две години откако Мухамед и Кадрија се киднапирани. На нивниот татко им недостигаат. Сепак, ИСИС во моментот се соочува со голем пад, па постои надеж, иако слаба, дека децата повторно ќе бидат со својот сакан татко од кој биле толку нечовечки одземени.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот