X
 21.10.2016 Наука

Гасот што ја уништува планетата, лесно може да стане корисен

Американски научници „случајно“ откриле како да го променат процесот на согорување, со што јаглеродниот диоксид би се претворил повторно во гориво. За процесот е користена нанотехнологија и првично целта била да се добие метанол, а не етанол.

оџаци


Материјалите со кои е правен експериментот се многу евтини и научниците сметаат дека оваа постапка може да биде многу корисна во индустријата, на пример, за складирање вишок енергија во електраните.

Адам Рондиноне, еден од научниците, ги објаснува позитивните ефекти од процесот:

„Етанолот денес може да се користи како гориво за возила, без модификација. Но од друга страна, јаглеродниот диоксид е проблем. Ако се искористи, ќе се спречи да оди во атмосферата.“

Постапката во лабораторијата тимот ја извел со помош на катализатор направен од јаглен, бакар и азот, а како поттикнувач користена е струја. Растворот на јаглердониот диоксид во вода се претвора во етанол и при процесот поголемиот дел од CO2 и електричната енергија потребна за негово производство не се губат туку се претвораат во алкохол.

Научниците планираат да ја подобрат ефикасноста на процесот чија примена има епохално значење.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука