X
 23.10.2016 Култура

Необјаснивите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник е една од најголемите мистерии на модерното доба. Го нарекуваат и Ѓаволов триаголник, а сместен е на северниот дел од Атлантскиот Океан, помеѓу Бермуда, Флорида и Порторико.

Бермудски триаголник


1.    Во Бермудскиот триаголник  во последните сто години се изгубени барем илјада животи. Или во просек на годишно ниво, на ова подрачје што е именувано од Винсент Гадис во напис од 1964 година,  исчезнуваат четири летала и дваесеттина бродови.

2.    За исчезнувањето на леталата и бродовите се „товарат“  напади од „вонземски битија“, постоењето на изгубената Атлантида на морското дно, па и  метанот како гас. Многумина веруваат дека мистериозните исчезнувања се резултат на вителот кој  настанува од мешањето на топлата и студената морска струја во ова подрачје. Група на истражувачи тврдат дека за несреќите главни виновници се "Облаците убијци"

3.    Првата личност што пишувала за Бермудскиот триаголник бил Кристифор Колумбо. Во својот дневник, на 8 септември 1492 година запишал дека на ова подрачје компасот престанал да функционира, а три дена подоцна забележал и огнена топка на небото.

4.    Бермудскиот триаголник  покрива површина од  1140 километри квадратни на северниот дел од Атлантскиот Океан , меѓу Бермуда, Флорида и Порторико.  Сепак, овие граници не се фиксни, а необични случувања се забележани и надвор од нив.

5.    Во рамките на Бермудскиот  триаголник, односно на островот Андрос, американската влада поставила Атлантски центар за тестирање и процена на подморските води, каде ги тестираат своите подморници, сонарите и оружјето.  Многу теоритичари на завери веруваат дека овде е наутичкото Подрачје 51.

6.    Во Бермудскиот триаголник почувствувана е и таканаречена „електронска магла“.  Пилотот Брус Гернон тврди дека изгубил 28 минути патувајќи во ова подрачје.  Авионот исчезнал од радарот, а се појавил во Мајами половина час подоцна.

7.    Едно од најпознатите исчезнувања на летала во историјата на Бермудскиот триаголник се случило во 1945 година. Пет торпедни бомбардери Авенегер на американската војска со 14 членови на екипажот, полетаа од Форт Лодердејл на Флорида до островчето Бимини. Деведесет минути  по полетувањето, операторите добиле сигнал дека компасот во леталата не работи. После тоа е изгубена секоја комуникација. Леталата никогаш не се пронајдени, ни трите авиони кои тргнале во спасувачка мисија.

8.    Познато е дека компасите покажуваат магнетен, а не вистински географски север на Земјата. Но, токму Бермудскиот триаголник е едно од ретките места каде ситуацијата е спротивна,  што создава конфузија за многу бродови и летала во рамките на ова подрачје.

9.    Една од најголемите трагедии на ова подрачје се случила во март 1918 година, кога исчезнал товарниот брод  УСС Киклопс, долг 165 метри на кој се наоѓале 306 членови на екипажот и 10.000 тони манган. Бродот потонал некаде меѓу Барбадос и заливот Чиспик, но останките никогаш не се пронајдени. Иста судбина ги снашла и други два брода кои во 1941 година поминувале на истата рута.

10.    Бермудскиот триаголник не е единствен според неразјаснетите исчезнувања на бродови и летала. Во Тихиот океан, близу јапонскиот брег, се наоѓа Триаголникот на Змејот (познат и како Ѓаволско Море), каде во пеесеттите години  од минатиот век исчезнале околу седумстотини морепловци, поради што местото било прогласено за воена зона.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура