Еден голем обожавател на серијата
Friends, одлучил малку да „интервенира“ во сценариото, па го променил крајот на својата омилена серија. Но, тука нема ништо спорно. Интересна е идејата зад неговата алтернативна приказна.
Имено, „новата“ епизода, всушност, убива еден член од славната шесторка.
Најнеомилениот лик, Чендлер, загинува во сообраќајна несреќа и се враќа како „напорен“ дух за да уништи сè.
Видеото што трае 16 минути е колаж од клипчиња од 125-те епизоди и досега брои преку 750.000 прегледи на интернет.
Гледачите го опишуваат како емотивен микс со алтернативен крај на приказната за Пријатели(те), што истовремено е мрачна, застрашувачка, но и далекувидна.
Епизодата е наречена
The one where Chandler dies. Започнува нормално, со добропознатата најавна шпица и неколку кадри со Чендлер, кои одеднаш се прекинуваат со застрашувачки врисоци.
Атмосферата станува малку сериозна, музиката меланхолична, а Чендлер го нема на своето место на софата.
Пријателите одат да го посетат во болница, но неговото срце не издржува...
Погледнете како натаму се развива приказната на следното видео.