X
 24.10.2016 Живот

Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме во наредните денови?

Денес е понеделник, 24 октомври 2016 година, 298-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:51, а ќе зајде во 17:42 часот. Денот ќе трае 10 часа и 50 минути.

Во западните предели имаме претежно ведро време со локална облачност и посвежо, додека пак на исток од текот на реката Вардар имаме појава на магла како и облачност која пак условува повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови ќе имаме појава на магла, па во северните, североисточните и источните предели не очекува претежно облачно време, претпладне разведрување. Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Утринските температури од 4 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник повторно се очекува појава на магла.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес во утринските часови појава на магла, која претпладне постепено ќе се намалува па се очекува во доцните претпладневни како и во попладневните часови да преовладува претежно сончево време со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, максималната дневна до 21 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност и надпросечно топло време кога се во прашање максималните температури кои ќе се движат од 16 до 24 степени. Во среда умерено облачно време со појава на сончеви периоди и ветровито време. Во вечерните часови и во текот на ноќта продор на влажна и студена воздушна маса од север која ќе донесе промена на времето. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 12 до 20 степени. Во четврток облачно со врнежи од дожд, засилен студен ветер кој ќе донесе температури од 8 до 16 степени. Над 1500 метри се очекуваат и врнежи од снег. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено со температури од 8 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот