X
 26.10.2016 Технологија

Светот во цифри: Следете ги во живо бројките што го движат светот

Според податоците од светски познатaтa служба за статистика во светот Worldometers на Земјата во моментот живеат нешто помалку од 7,5 милијарди луѓе. Или да бидеме попрецизни, целиот свет во моментов е населен од околу 7.459.540.000 луѓе.

Во тековната година досега се родени околу 117 милиони, додека бројот на смртни случаи е околу 49 милиони луѓе.


светот во цифри




Само во текот на денешниот ден светот ќе го видат повеќе од 330 илјади деца, додека срцето ќе престане да работи кај повеќе од 137 илјади луѓе.

Кога се ќе се собере и одземе, светот од почетокот на 2016 година до сега е побогат за околу 68 милиони луѓе. Во морето на податоци на „Worldometers“ кои се менуваат од секунда во секунда ќе издвоиме уште неколку:

  • Интеренет користат нешто помалку од половина од населението, односно околу 3,5 милијарди луѓе.
  • За жал, поради глад, светот ќе го напуштат во текот на денот,  повеќе од 26.000 лица, а бројот на абортуси кои се пријавени досега оваа година е малку повисок од 34 милиони.
  • Според предвидувањата на експертите, ни преостануваат уште 13.554 дена, кога од Земјата ќе бидат исцрпени сите резерви на нафта.
  • Бројот на лица кои сами решиле да стават крај на својот живот е околу 875.000.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија