X
 28.10.2016 Технологија

Најава на десетте најкул карактеристики на Windows 10

Мајкрософт се подготвува да го освежи оперативниот систем Windows. Најновите надградби на Windows 10 ќе бидат бесплатни за сите уреди што го користат овој оперативен систем уште во следната година, 2017, на пролет. Во пресрет на тоа, Мајкрософт ги претстави новите карактеристики што доаѓаат со овој разновиден оперативен систем.

1)    Paint 3D

Од Мајкрософт се надеваат дека ќе вклучат 3D алатки за креирање во секој аспект од пакетот алатки за продуктивност на Windows 10. Главното место го зафаќа Paint 3D, нова верзија на класичната MS Paint апликација, што ќе овозможува создавање виртуелни модели преку сечење и лепење на дводимензионални слики од фотографии, црткање 2D слики со површинско пенкало, па дури и тридимензионално скенирање на реален објект со камерата од смартфоните. Paint 3D е софтверско студио во кое ќе можете да ги создавате вашите реалистични слики.

Paint 3D за Windows 10


2)     3D Printing

Ако сте направиле нешто интересно, на пример, во Minecraft, ќе имате можност да го проследите во 3D печатач. 

Опција 3D printing на новиот windows 10


3)    3D опција во апликациите на Office

3D демо верзијата на Мајкрософт претставена во PowerPoint презентација, како додаток вклучуваше и 3D дрво. Дрвото се вртеше и се зумираше со секоја промена на слајдовите. Од Мајкрософт велат дека поддршката на 3D слики и анимации ќе биде додадeна во сите апликации на пакетот Office.

3D опција во апликациите на пакетот Office


4)    VR слушалки

Мајкрософт не им откажува љубов на холограмските леќи, но покрај сите овие 3D содржини што го „запоседнаа“ Windows 10, AR слушалките ќе си добијат ново друштво. Хардверските партнерски компании како Леново, Асус, Асер, Ха Пе и Дел ќе почнат да произведуваат VR слушалки за VR игрите и тридимензионалните искуства во Windows. Почетната цена ќе им биде 300 долари. Новите слушалки се предвидува да имаат можност за позиционо следење и многу други придобивки. 

VR слушалки


5)    Пренос во живо на видеоигри

Луѓето обожуваат да гледаат видеоигри, што прераснува во нов гледачки спорт. Со надградбите на оперативниот систем Windows, сите уреди што го користат (вклучувајќи го и Xbox), ќе можат да ги емитуваат видеоигрите во 4К.

Емитување на видеоигри


6)    DIY (Do It Yourself) турнири

Гејмерите ќе имаат можност сами да си креираат играчки турнири и да се натпреваруваат со своите пријатели. XboxLive ќе им води евиденција на резултатите и ќе им прави елиминација до финалната пресметка на најдобрите.   

Можност за креирање играчки турнири


7)    Поддршка на технологијата на Dolby Atmos

Вградениот 4К Blu-ray плеер во Xbox One S, наскоро ќе го поддржува звукот на Dolby Atmos. Ако имате озвучување или сараунд систем соодветни за Atmos, видео проекциите со посредство на Windows 10 ќе ви го доловат звучниот напредок. 

Поддршка на технологијата на Dolby Atmos


8)    Олеснето споделување податоци

Кога и да посакате да споделите фотографија или друга содржина во Windows 10, ќе имате можност за истовремено и брзо проследување до посакуваните луѓе во вашиот адресар – група на пријатели или соработници што ви се појавуваат во палетата со алатки на дното од екранот.

Брзо и едновремено споделување податоци


9)    3D стикери

Нова можност се и интересните емотикони што ќе можете да им ги праќате на луѓето со кои контактирате. Практично, станува збор за 3D стикери какви што ги има во апликациите за допишување.

3D стикери


10)    Сè е бесплатно!

Надградбите од Мајкрософт ќе им бидат бесплатно достапни на корисниците на речиси 400 милиони Windows 10 уреди. Од компанијата најавуваат дека тоа ќе се случи на пролет во 2017 година.  

Надградбата е комплетно бесплатна
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија