X
 28.10.2016 Живот

Постојат ли навистина скриени богатства?

Скриеното богатство обично е фикција, кое се појавува во приказните за пиратите или во авантурите.


Но, многу од приказните за скриените богатства се и вистински. На пример богатството скриено во Роки Планините откриено од поранешниот археолог Форест Фен. Тој го пронашол за време на Големата рецесија за да ги натера луѓето да поминат време во природа, а и објавил мистериозна поема која била преполна со индиции за да ги примами ловците на богатство. Исто така, потврдено е дека нацистите поставиле контејнери во езерото Топлиц во на Австриските Алпи, и тоа за време на последните месеци од Втората Светска Војна. Многу од нив биле откриени, иако повеќе содржеле муниција и документи отколку злато и скапоцени предмети. Некои веруваат дека повеќе нема контејнери во езерото, но тоа не ги спречува истражувачите и натаму да ги истражуваат длабочините на езерото, надевајќи се дека ќе пронајдат нешто вредно.
Експертите се помалку сигурни за закопаното богатство на „Oak Island Money Pit“, на брегот на Нова Скотиа. Тинејџери ја пронашле јамата во 1795 година, со оглед на фактот дека пиратите во тој период ги имало во голем број, тие сметале дека во јамата навистина има закопано богатство. Момчињата не пронашле ништо, но ловците на богатство и авантуристите се уште се обидуваат да го најдат богатството.

Од друга страна пак, голем број на скапоцености биле откриени во еверото Гуатавита во Колумбија. Се верува дека тоа е местото каде шти лидерот на „Муиска“ племето се покривал себеси со златна прашина, пловел во водата и фрлал скапоцености во езерото во чест на боговите. Многу од богатствата се во моментов во „Gold Museum“ во Богота, иако многу е тешко да се пронајде остатокот, бидејќи Колумбиската влада забранила пливање во езерото.
 
Дознајте повеќе за скриените богатства од видеата подолу.




Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот