X
 29.10.2016 Технологија

Зошто треба редовно да го „чистите“ компјутерот од податоци?


Редовно чистење на компјутерот од податоци

Истражувачката студија на Veritas Technologies што е објавена со наслов „Трупање на податоци“, покажува дека 82 проценти од луѓето кои се занимаваат со информациски технологии, признаваат дека трупаат податоци и датотеки. Ако тие го прават тоа, тогаш можеме да претпоставиме во колкава мера лицата кои не се занимаваат професионално со ИТ, го затрупуваат просторот на своите компјутери со непотребни датотеки.

„Податоците кои на компјутерот заземаат најмногу простор се филмовите и сериите. Препорачувам да не го трупате просторот со нив. Барем заради повредата на авторските права“, истакнува Марко Краљиќ од АЛФА-М, кој има искуство со клиенти чии компјутери честопати се пренатрупани со непотребни датотеки.

„Многу често се случува дискот на компјутерот да ви е полн, а знаете дека ништо не сте снимиле. При работењето на компјутер се креираат и привремени датотеки кои со тек на времето заземаат сè поголем простор. При пребарувањето, исто така, се чуваат податоци за посетените страници. Нема потреба рачно да пребарувате каде и што е складирано за да ги бришете записите. Точно е дека на тој начин можете да ослободите простор, но исто така можете да направите и штета. Наједноставно е повремено да користите една многу едноставна програма со чија помош се чистат привремените датотеки, а се вика CCLEANER и веќе има бесплатна верзија што одлично функционира“, објаснува Краљиќ.

Зошто е важно навремено да се бришат овие податоци?

„Постојат две логични причини. Првата е за да се забрза работата на компјутерот. Сè повеќе се употребуваат SSD дискови кои работат побавно ако се преполни со податоци. Втората причина е ако не сакате некој друг да има увид во вашите податоци“, вели Краљиќ и додава: „Кога ќе забележите дека има сè помалку простор на компјутерот, а за тоа ќе ве извести оперативниот систем, тогаш веќе не го одложувајте отстранувањето на непотребните датотеки.“

Доколку имате e-mail адреси на одредени сервери, ќе морате поштенското сандаче да го чистите почесто.
Затоа и Краљиќ предлага користење на некои интернет сервиси со извесно предупредување.
„Важно е најпрво да имате информација дека постојат две места каде се складира вашата електронска пошта. Едното место се наоѓа на веб серверот на интернет, а другото е во вашиот компјутер.“

Чистењето на непотребните меилови т.е. нивното бришење зависи од програмата и сервисот што го користите. Дококу користите некој од онлајн сервисите како Gmail, на пример, тогаш имате на располагање доволно голем простор за чување на многу меилови во долг период. Во ваков случај, сите меилови се зачувани на интернет. Но, треба да знаете дека Google има право на увид во информациите кои ги чувате и може да ги искористи за подобрување на огласите што ги гледате додека пребарувате. Препорачливо е да не ја запишувате вашата меил адреса на секоја страна која го бара тоа од вас. Користете обрасци за одјавување од несаканите билтени и исклучете ги електронските нотификации по социјалните мрежи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија