Овие денови на „Facebook“ беше објавена фотографија од листа на плата на докторка на науки која работи во областа на нуклеарна физика. Бројките кои ја претставуваат нејзината месечна плата ги шокираше многумина ...
Фотографиите на докторката на науки, која живее и работи во соседна Србија, предизвикаа жестока дебата меѓу членовите на групата
Spasimo NAUKU во која е објавена.
И додека некои укажуваат на сите потенцијални отежнувачки околности и фактори кои можат да влијаат на нискиот износ на платата, други се согласуваат дека во Србија состојбата во високото образование е многу лоша, како за студентите кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот, така и за научниците кои работат во државните институции.
Ако ги пресметаме српските динари во вредност од 36.325.99 во македонски денари добиваме износ од 18,158.15 како плата која за наведениот месец ја примила докторката по нуклеарна физика.
Вистината е дека се работи за анонимна дојава, која неколку лица запознаени со работата на институцијата во која докторката на науки работи се обидоа да ја оспорат. Но и покрај критиките упатени на сметка на физичарката која ја објавила фотографијата, повеќето се согласуваат дека се работи за износ што е несоодветен за лице со таков степен на образование.
И на домашен терен запознаени сме со фактот дека до работа според струката тешко се доаѓа, особено со диплома од општествено-хуманистичките науки. Запишување на докторски студии се исплатува само доколку ви плаќа институцијата на која еден ден ќе работите (или веќе сте вработени) или доколку тоа го правите од сопствен субјективен интерес, сте добро ситуирани, па така не ви е жал да вложувате во образование, без очекувања дека она што сте го вложиле ќе го вратите назад.
Паметно е само да немате премногу високи очекувања за тоа каде докторската титула може да ве однесе. Секако дека може да ви отвори многу врати, но не треба да сметате дека тоа ќе се случи по секоја цена.