X
 31.10.2016 Живот

Неделна временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од месец ноември?



Денес е понеделник, 31 октомври 2016 година, 305-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:00, а ќе зајде во 16:33 часот. Денот ќе трае 10 часа и 33 минути.

Новата работа недела со последниот ден од октомври го започнуваме со претежно ведро и постудено време, со исклучок во централните, северните и источните предели каде што има појава на локална облачност и слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Температурите под просекот за овој период од годината, утринските од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 15 степени. Ув индексот ќе има вредност 2.

СКОПЈЕ – Во Скопје во понеделник претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник претежно сончево со локална облачност, утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни до 5 односно до 13 степени. Во среда студено утро и појава на умерен мраз со утрински температури од -6 до 2 степени, во текот на денот сончево со максимални температури од 9 до 17 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност и температури до 10 односно до 18 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и максимални температури од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот