X
 31.10.2016 Култура

Шведска им плаќа на своите граѓани да ги поправат производите наместо да ги фрлат

Во борбата против својата „потрошувачка култура на фрлање предмети", Шведска најави даночни олеснувања за поправки на облека, велосипеди, фрижидери и машини за перење. За велосипедите и облеката, данокот на додадена вредност (ДДВ) е намален од 25 на 12 проценти, а производителите на бела техника може да бараат враќање на данокот на добивка.

Стимулациите се наменети со цел намалување на влијанието врз животната средина од предметите што Швеѓаните ги купуваат за домаќинствата. Земјата има амбициозни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови, но се покажа дека влијанието на потрошувачките избори се зголемува.


поправка


Проектот се очекува да ја чини државата приближно 54 милиони долари во изгубени приходи од даноци, од новиот данок за штетни хемикалии за бела техника. Покрај тоа, шведската економија расте силно и владата има суфицит на буџет од 800 милиони долари.

Заменик-министерот за финансии на Шведска Пер Болунд, член на Зелената партија и биолог во неодамнешното интервју за „World Economic Forum“ изјавил со овој нов данок целта е да се поттикнуваат луѓето кон подобри избори и создавање на работни места за квалификувани физички работници.

„Тоа е всушност данок на хемикалии. Значи, ако апаратот има штетни хемикалии во процесот на производство или се инкорпорирани во него ќе има данок, но од друга страна ако се намали износот на штетни хемикалии во производот, се добива понизок данок. Така што ова ќе даде поттик за производителите да ја намалат употребата на штетни хемикалии во апаратите кои во голема количина влијаат на животната средина. Идејата е да се помогне на приватниот и општинскиот сектор да користат поттикнувачи со цел да им олеснат на потрошувачите да се однесуваат поодговорно и да го намалат влијанието врз животната средина со секојдневните избори што ги прават“- изјавил Болунд.


Пер Болунд


Заменик-министерот објаснил дека целта не е да ги натераат луѓето да не купуваат бела техника, но дека би било многу полесно доколку купуваат високо-квалитетни производи, бидејќи ќе имаат поголема свесност да ги поправат доколку се расипат. Така би се намалило купувањето на евтини и помалку квалитетни производи и би се избегнале ситуациите потрошувачот да се откаже од нив.

„Поправките бараат помакотрпна работа од производството, а во голем дел производите денес се автоматизирани, па така вложувањето во поправки би можело да придонесе за проширување на пазарот на трудот, а со тоа намалување на невработеноста. Особено затоа што сервисните услуги бараат високи вештини, но не и високо образование, па очекуваме невработените лица да имаат корист од овој проект“- истакнал Болунд. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура