X
 01.11.2016 Култура

Барак Обама сака да ви препорача една книга

Четири месеци пред да биде реизбран за претседател, Барак Обама прочитал книга за вештината на одлучувањето, што денес ја смета за една од неговите омилени четива. 

Книга што ја препорачува Обама

Книгата „Thinking, Fast and Slow“ од Даниел Канеман, содржи увид во замките на човековиот разум кој може да го промени вашиот став за интелигенцијата.

Во книгата, Канеман, психолог-нобеловец и основач на бихевиоралната економија, истражува два начина на размислување, што ги нарекува Систем 1 и Систем 2.

Првиот начин на размислување, Систем 1, е нагонски, а вториот е промислен, мисловен. Често се случува луѓето да заглибат во првиот систем при донесувањето одлуки, бидејќи имаат потреба од моментно разгледување на проблемот.

Неколку месеци откако Обама ја прочита книгата на Канеман, новинарката Кристиан Аманпур од CNN, во едно интервју го праша авторот во кој тип мислители смета дека спаѓа претседателот Обама.
„Тој е бавен мислител. Промислен. Не се потпира инстантно на своите инстинкти. Темелно ги разгледува нештата. Многу е внимателен.“

Промисленоста се чини ѝ доликува на функцијата претседател, но Канеман ја отфрла идејата дека врховниот командант мора да биде мислител од втор тип. Џорџ В. Буш беше класичен мислител од типот 1: „Претседателот Буш беше горд на своето интуитивно дејствување.“

Ако сте љубопитни да откриете во кој тип на мислители спаѓате вие, обидете се да ја одгатнете следнава загатка:

Ако се потребни 5 машини, за да се направат 5 уреди во рок од 5 минути, колку време им е потребно на 100 машини, за да се направат 100 уреди?

***

Мислителите од Систем 1, најверојатно нагло ќе одговорат дека се потребни сто минути. Но, одговорот е, всушност, пет минути, независно колку машини се ставени во функција. На секоја машина ѝ требаат пет минути за да создаде еден уред.

Проблемот е смислен за да ги потенцира недостатоците во рамислувањето од првиот тип. „Финтата“ со трите петки во загатката е да ве намами да ја пресликате „логиката“ во решението. Но, само преку бавно и продлабочено размислување, можете да стигнете до точниот одговор.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура