X
 01.11.2016 Наука

Откриен генот што предизвикал змиите да ги изгубат нозете во текот на еволуцијата

Змиите некогаш имале нозе.

Пред 150 милиони години, предците на денешните змии имале нозе и така се движеле по земјата. Деновиве, двајца научници открија како дошло до губење на екстремитетите кај змиите и како тие почнале да лазат. Згора на тоа, тврдат дека молекуларната машинерија за развој на нозете кај змиите сè уште постои, само што не е е „вклопена“. 

Некои змии, како на пример питоните, имаат остатоци од нозе во облик на два мали израстоци на секоја страна од карлицата. Научниците од Универзитетот на Флорида кои го спроведоа истражувањето, објавено во списанието Current Biology, се фокусирале токму на овие змии.

Во одреден момент од еволуцијата, исчезнал дел од ДНК

Резултатите покажале дека растењето нозе кај змиите не бил предизвикан процес како што се чинело досега. Нозете не настанале од ништо. За развој на нозете одговорен е генот „sonic hedgehog“ односно „соничен еж“ (името на генот ќе им биде познато на љубителите на видеоигри), вели професорот по молекуларна генетика, Мартин Кон.

Кон објаснува дека тој ген многу кратко се појавува во ембрионот на питонот, кога ембрионот е стар помалку од 24 часа. Овој генетски сигнал не бил претходно забележан кај родот питон. Генот го контролира развојот на многу органи, не само на екстремитетите. Регулаторните секвенци на ДНК го контролираат начинот на којшто овие гени се вклучуваат и се исклучуваат. Во некој момент од еволуцијата на питоните, некои секвенци од ДНК се избришале.

Мутација на генот „соничен еж“

Истите секвенци се изгубиле и кај боата. Резултатите се уште повидливи кај змиите кои ги немаат ни остатоците од нозе, на пример, кобрите и поскоците. Генот „соничен еж“ е речиси невозможно да се детектира, а токму тој ни кажува дека во текот на еволуцијата се случувала секвенцијална деградација на генот кај екстремитетите на змиите. Мутациите на генот се одговорни за престанокот на растот на нозе кај змиите.

Кај змиите е забележана извесна активност карактеристична за стапалата, што е особено чудно, бидејќи змиите немаат стапала. Следењето на развојот на ембрионите на питоните, покажало дека се јавуваат генски активности на настанок на екстремитети, цели нозе, па дури и стапала. Но, мутираниот ген „соничен еж“, не дозволува натамошен раст.

Пронајдени се голем број фосили од змии со нозе. Питоните задржале голема молекуларна машинерија за настанок на екстремитети. „Би било фасцинантно да се најде начин како да ре-еволуира структурата, пред да се изгуби сè“, вели водачот на студијата, професорот Кон.     
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука