X
 01.11.2016 Наука

Теории на заговор за кои се докажало дека се вистина

Теоретичарите на заговор неретко се сметаат за луѓе кои измислуваат нерелани теории и извлекуваат работи од контекст само затоа што им е здодевно.

теории на заговор


Но, се почесто токму за тие теории се докажува дека се вистина. Полесно е да се обвини некој дека е луд, но следните примери се дел од оние што се обелоденети:

Тестирање болести на луѓе

Американската влада од 1932 до 1972 година спроведувала таен експеримент во кој 400 Афроамериканци се заразиле со сифилис без нивно знаење. Цел на студијата била да се анализира дали црнците се поинаку погодени од болеста од белците, а до крај на експериментот само 74 пациенти останале живи.

Проектот MK-ULTA

За овој проект најпрвин се шпекулирало дека агентите на американската ЦИА на луѓето им давале разни коктели од лекови за да ја испитуваат техниката за контрола на умот и дејството на серум на вистината. Резултатите од експериментирањето било планирано да се користат врз непријателите на државата.

Операцијата со која крвните непријатели станале угледни граѓани

Во Втората светска војна САД сакала да ја зајакне технолошката наука за да се истакне над другите земји. За таа цел се стремеле да го искористат знаењето на нацистичките научници и да ги вработат во земјата. Тајната операција на владата ги донела најголемите стручњаци од нацистичката воена индустрија, медицината и одделот за хемиско оружје.  САД се плашела дека ако ова не го сторат тие, ќе го сторат Русите. Речиси 1600 нацистички научници, лекари и инженери станале американски граѓани.

Хилсбороу

На 15 април 1989, 96 навивачи на Ливерпул биле згазени од стампедо, а повеќе од стотина биле повредени додека гледале полуфинален натпревар на стадионот Хилсбороу. Еден од судиите им кажувал на семејствата дека теориите на заговор поврзани со настанот се неточни, но после 23 години било докажано дека виновна била полицијата, а не навивачите. Семејствата воделе кампања за обелоденување на документите поврзани со несреќата повеќе од две децении, а кога тие се објавиле, сите нивни сомнежи биле потврдени.

Алкохолот бил отровен за време на прохибицијата

Со 18 амандман во 1920 година САД го забранува производството, продажбата и транспортот на алкохолот – но не и консумацијата. До средината на 1927 година американската влада ставала смртоносни хемикалии во него, првин метил алкохол, а потоа и керозин, хлороформ и ацетон. Чарлс Норис, главниот медицински испитувач во Њујорк, се обидел да ја предупреди јавноста, но во 1926 сепак умреле 400 граѓани. Следната година тој број бил 700.

Операција Нортвудс

Оваа операција е американски план од времето на Студената војна. Разни напади ширум земјата биле лажирани за подоцна да ја обвинат Куба и при нејзиното уништување да имаат светска поддршка. Иако се пронајдени и објавени многу документи за тоа, за среќа планот не се реализирал целосно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука