X
 03.11.2016 Економија

Дефицитарни и најбарани професии во Германија

1

 

Бројот на невработени во Германија во октомври се намали повеќе отколку што се очекуваше, додека стапката на невработеност падна на ново рекордно ниско ниво, наговестувајќи замав на личната потрошувачка и раст на економијата во целина во четвртиот квартал.


„Благодарение на есенскиот замав, невработеноста е значително намалена, вработувањето е зголемено, а интересот за нови работници е и тоа како зајакнат“, изјави Франк-Јурген Веис, шеф на Федералната агенција за работа.

Бројот на работни места во најголемата економија во Европа достигна рекордно високо ниво од 691.000, според најновите податоци.

Кои професии се најбарани?

Посебна потреба за дополнителни работници е забележан во секторите на социјална нега и грижа, малопродажба и приготвување и доставување на храна, како и во градежната индустрија.

Владата очекува бројот на вработени во Германија оваа година да достигне рекордни 43.6 милиони, а подоцна и 44 милиони. Ова треба да ги поддржи буџетските приходи, дозволувајќи му на Берлин да ги зголеми трошоците на владата или да ги намали даноците.

Германија оваа и минатата година регистрира доаѓање на повеќе од еден милион странци, воглавно од земји како Сирија, Ирак и Авганистан. Владата и сојузните држави оваа година издвоија повеќе од 20 милијарди евра за нивно сместување и интеграција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија