X
 03.11.2016 Живот

Која нација консумира најмногу алкохол во светот?

1

 

Белорусите пијат најмногу алкохол во споредба со другите нации во светот, додека Северно-африканците едвај пивнуваат капка алкохол.

 

Барем вака покажуваат податоците собрани од меѓународните организации - европските земји се особено наклонети кон алкохолот во однос на останатиот дел од светот.

Веднаш после Белорусија, на второ место е Литванија, по што следуваат Чешка, Хрватска и Австрија. Всушност, првите 10 земји потекнуваат од Европа.

Податоците од „The Daily Viz“, составени од Мет Стајлс кој ја искористил базата на податоци на Светската здравствена организација и на Светската Банка, на мапата подолу ја прикажува вкупната потрошувачка на една просечна личност во секоја земја во литри.

 


 



Првите 15 земји на ранг листата.

1. Белорусија - 17.32 литри годишно
2. Литванија - 12.65 литри годишно
3. Чешка - 12.43 литри годишно
4. Хрватска - 12.18 литри годишно
5. Австрија - 12.04 литри годишно
6. Португалија - 11.92 литри годишно
7. Франција - 11.8 литри годишно
8. Ирска - 11.72 литри годишно
9. Естонија - 11.61 литри годишно
10. Унгарија - 11.51 литри годишно
11. Луксембург - 11.4 литри годишно
12. Германија - 11.2 литри годишно
13. Русија - 11.05 литри годишно
14. Екваторијална Гвинеја - 10.99 литри годишно
15. Полска - 10.93 литри годишно

Авганистан, Мавританија, Кувајт, Либија, Сомалија и Бангладеш се наоѓаат на дното на ранг листата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот