X
 04.11.2016 Живот

Ирачките специјалци влегоа во Мосул, но наидоа на неочекуван проблем


Ирачките сили влегоа во Мосул, упориштето на Исламската Држава, првпат после повеќе од две години, објави ирачкото министерство за одбрана.

Ирачките воени сили влегоа во Мосул

Ирачкиот министер за одбрана, генералот Тахсин Ибрахим, за CNN изјави дека 9. вооружена дивизија влегла во градот, но предупредува дека тоа ќе предизвика невидени борби и дека битките ќе се одвиваат „од улица до лица“, дури и „од куќа до куќа“.

Околу 100.000 припадници на коалиционите сили предводени од Ирак, ги ослободија селата во околината на Мосул. Таму, освен фанатичните припадници на Исламската Држава, ги пресретнал и еден неочекуван проблем.

Имено, во вторникот задувале ветришта околу Мосул и предизвикале песочна бура која ги запрела натамошните операции на ирачката војска. Исто така, бурата им оди во прилог на силите на ИД овозможувајќи им одредена тактичка предност, затоа што сепак ирачките сили не го познаваат детално теренот и улиците за разлика од ИД, која владее со територијата повеќе од две години, а најверојатно веќе се подготвила за ваква ситуација. Ако на тоа се додаде и фактот што софистицираното оружје во вакви услови не игра голема улога, шансите на муџахедините нагло растат.

За потсетување, борците на ИД ги искористија временските неприлики неколкупати досега. Минатата година во мај, песочна бура го зафатила Рамади, па воздушните напади биле оневозможени. Милитантите ја искористиле таа ситуација и само за неколку денови ја одбиле  ирачката војска. Во истиот месец, голема бура ја зафатила и Фалуџа, што на ИД му овозможила да изврши неколку самоубиствени напади со кои ја променија ситуацијата во нивна корист.

Експертите предвидуваат дека песочните бури во Ирак годинава ќе зачестат и ќе бидат интензивни, со оглед на топлото и суво лето. Во снимката која беше објавена во вторникот може да се види како милитантите ја слават бурата, а еден од нив му се заблагодарува на Алах што им ја испратил за да им помогне да се спротивстават на непријателот.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот