X
 04.11.2016 Економија

Работа во Германија: Чекори што мора да ги поминат и луѓето со најбараните професии

Бројот на невработени лица во Германија во октомври се намали повеќе од очекуваното, додека стапката на невработеност падна на ново рекордно ниско ниво од 1990 година, што укажува на динамиката на личната потрошувачка и растот на економијата како целина во четвртиот квартал.

„Благодарение на тоа што оваа есен невработеноста опаѓа, вработувањето повторно се зголеми, а интересот за нови вработени подеднакво расте"-изјавил Франк Јурген Вајсе, шеф на Федералната агенција за вработување.

Бројот на слободни работни места во најголемата европска економија достигна бројка од рекордни 691.000, според најновите податоци.


работа во Германија


Посебна потреба за дополнителни работници е забележана во секторите за социјална заштита, малопродажба, подготовка и испорака на храна, градежната индустрија, соопштуваат германските институции.

Во Германија, веќе неколку години вообичаената форма на барање на работа е од удобноста на домот: преку интернет и интернет апликации. Во продолжение, ќе ви ја објасниме постапката и по завршување на постапката ќе ве насочиме кон сите линкови што германското биро за вработување ги подготви за сите оние кои сакаат да работат и да студираат во Германија.

1. Напишете CV или кратка биографија
- Во него треба да ги напишете сите детали кои работодавачот треба да ги знае за вас. Постојат три начини како да го направите ова: Сами напишете во Word или друга софтверска програма за пишување и зачувајте го како дигитален документ (по можност pdf), вториот начин е да пополните онлајн апликација (на пример на оваа страна, на која можете да изберете на кој јазик сакате да се зачува вашето CV).

Внесете ја вашата фотографија, вашите скенирани дипломи и онлајн апликацијата зачувајте ја на вашиот диск (компјутерската меморија) или директно зачувајте како PDF документ на вашиот компјутер. Треба да се напомене тука дека со овој вид на формулари, поголемиот дел може повторно да се вчитува на истата страница и може да ги ажурирате потребните податоци.

2. Напишете молба: стандардната молба започнува со воведен дека се јавувате за одредено работно место (xxxx), во одредена компанија (xxxx и сакате да работите со нив. Во истата молба треба да доставите  документи како што се: CV, дипломи, уверенија, сертификати, потврда за работно искуство, потврди од поранешните работодавци за тоа каков  работник сте биле и што сте правеле, сертификати за познавање на одреден јазик, а можеби и копија од пасош и возачка дозвола.

Со други зборови, се она што го поседувате. Имајте на ум да не пишувате лажни податоци, затоа што работодавачот ќе ги провери (ако се одлучи да ве вработи).

3. Скенирајте ги сите документи наведени во точка 2 (молба) и сочувајте ги, а исто така можете да ги приложите во точка 1 заедно со кратката биографија. Се работи за вкус како сакате да ви изгледа документацијата.

4. Комплетната документација испратете ја до работодавачот во дигитална форма на неговиот е-маил. Важно е да се напомене тука дека сите документи мора да бидат преведени на германски јазик.

5. Во оваа точка ќе наведиме специфични страници за пребарување огласи за работа или работодавачи, каде ќе можете да се регистрирате (бесплатно или за одредени понуди регистрацијата се наплаќа во зависност од веб-страната) и на истата повторно доставете ја целата документација (по потреба може да ја смените).

Овде може да ги најдете сите веб-страници за вработување кои се подготвени од страна на германската Влада.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија