X
 04.11.2016 Живот

Славој Жижек: Да бев Американец, ќе гласав за Доналд Трамп

Британскиот медиум „Канал 4“ емитуваше интервју во кое за помалку од две минути, словенечки филозоф, културен критичар и истражувач, Славој Жижек објаснува зошто доколку би бил Американец би гласал за Доналд Трамп, додека Хилари Клинтон ја смета за опасен кандидат.


Жижек


Ова се моите очајнички, многу очајнички надежи


„Во секое општество, постои цела мрежа на непишани правила кои регулираат како политиката функционира и како да се дојде до консензус, a Трамп го менува тоа. Во случај тој да победи, двете најголеми партии, Републиканците и Демократите ќе мора да се вратат во своите бази, сериозно да размислуваат за себе, а можеби и од тоа нешто да се роди и некои нови нешта ќе се случат. Ова се моите очајнички, многу очајнички надежи", објаснува Жижек.

Америка, сé уште не е диктаторска држава, а Трамп нема да воведе фашизам. Но тоа на некој начин ќе биде големо будење, за активирање на нов политички процес".

Тој, исто така, вели дека е свесен за потенцијалните опасности: „Трамп отворено најави дека ќе номинира десничари во Врховниот суд. И тоа веројатно ќе го направи, а вие знаете колку Врховниот суд е важен во Америка“.

Погледнете го видеото:
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот